Приватни превозници за Алфа: Приморани сме да живееме во импровизирани услови, но ќе се бориме до крај за наште пари

Приватните автобуски превозници веќе една недела продолжуваат со блокадите пред бараките на Град Скопје, а возачите веќе остануваат со последните прехранбени ресури за да можат да преживеат. Пред камерата на Алфа се пожалија дека и дење и ноќе се приморани да седат тука, на улиците, потенцирајќи дека нема да си заминат додека не им се исплати заостантиот долг.

Приватните превозници побараа и помош од премиерот Димитар Ковачевски, кој го гледаат како последна надеж за разврска на нивната судбина.

  • Мора да се реши ова. Еве јавно ги отвораме вратите од автобусите, погледнете како живееме во нашата борба за чесно заработените, а се уште неисплатени плати. Создадовме импровизирани услови за преживување, но истите стануваат се потешки од ден на ден. Таква е судбината, но се надеваме на позитивно решение. Со моите колеги одлучивме да се бориме до последно, а потоа можеби и ќе продолжиме да протестираме со глад, веќе снемуваме основни прехранбени ресури, потенцираат револтираните возачи.

Со Неџат Сефери, разговараше Борис Грујоски

КАТЕГОРИИ
Споделете ja веста