Приватните автобуси по пауза од шест месеци се вратија на скопските улици

По нешто повеќе од 6 месеци, приватните превозници повторно ги отворија вратите за скопјани. Од денес на 16 линии се вратија вкупно 105 автобуси. Информацијата вчера ја потврди скопското јавно сообраќајно претпријатие на социјалните мрежи, каде велат дека возилата кои ќе се пуштат во сообраќај се модерни и еколошки.

Оние кои чекаа на автобуските станици се надеваат дека хаосот со јавниот градски превоз конечно ќе се среди. Денешниот редуциран, празничен возен ред направи малкумина да ги искористат услугите на приватните превозници.

Проблемот со јавниот градски превоз се појави кога лани во номеври приватните превозници објавија дека повеќе немаат пари за гориво и оти не можат да продолжат да работата, бидејќи градот им должи над 1,5 милиони евра. Повеќедневното предупредување во јавноста, апелите и писмата дека градот мора да им исплати барем дел од долгот бидејќи тие се на на работ на егзистенција, не допреа до градоначалничката Арсовска.

Таа тврдеше дека таков долг немало и ги обвини за криминал, што резултираше со блокади на клучни градски крстосници. Граѓаните со денови беа принудиени да снаоѓаат и на алтернативни начини да се движат низ градот.

По кратко време, обвинувањата на Арсовска пропаднаа во вода, откако управата за јавни приходи го потврди долгот. Па по неколку средби помеѓу директорот на ЈСП и новоформираните преговарачки тимови на приватните превозници и неколку неуспешни јавни повици, ти кончено најдоа заеднички јазик.

Никола Цветкоски

КАТЕГОРИИ
Споделете ja веста