Претседателот и врти грб на Владата – Остриот тон на Пендаровски кон Бугарите е спротивен од попустливоста на Ковачевски

Пенадровски му го сврте грбот на Ковачевски. За разлика од потчинувачката политика на премиерот и неговиот министер за надворешни работи во однос на нападите од Бугарија, претседателот бара поцрврст одговор од Македонија. Османи уште се намаше распакувано од посетата на таканаречената бугарска жртва од Охрид, каде најде разбирање за наводната дискриминација на Бугарите во Македонија, Пендаровски си го свика Советот за безбедност и побара Владата и МНР, да го прогласат бугарскиот пратеник Ангел Џамбаски, но и други бугарски државјани за персона нон-грата во Македонија поради понижувањата и навредите врз македонскиот народ.

„На вакви антидржавни кампањи кои ги спроведуваат политички партии и поединци можеме да одговориме на два начини. Првиот е со културна дипломатска реторика како досега и тој круг на провокации кој предизвикува насилство сигурно нема да заврши. Второ со мерки кои секоја сериозна и организирана држава ги презема во вакви случаи. Мојот предлог до Владата е согласно одредбите на Законот за странци да му забранат влез во земјата да му забранат влез на еден пратеник од Бугарија во Европскиот парламент и на неколку други лица државјани на Бугарија поради дејствија кои ги преземале порано и натаму ги преземаат против нашата држава, рече претседателот Стево Пендаровски.

Овој став на претседателот е сосема спротивен на досегашната политика на Владата на Ковачевски која упорно одбиваше да преземе некоја мерка кон Бугарските провокации тврдејќи дека станува збор за маргиналци на кои не треба да им се одава внимание. Во исто време преставува сериозен удар врз министерот Османи кој во скандалозно интервју за Бугарската телевизија БТВ повеќе наликуваше како олеснувач во спорот со Бугарија отколку на министер за надворешни работи на Македонија. Па така, наместо како министер да го осуди користењето на фашистички имиња по клубовите, тој се обраќаше во трето лице, најавувајќи дека ќе ги викнел Бугарите на средба за да заедно ја разберат чувствителноста на македонскиот народ.

„Не треба да влегуваме во вистинска научна дебата за улогата на овие историски личности. Ако мнозинството Македонци се чувствуваат навредени од ова, да ја разбереме оваа чувствителност на народот. И верувајте дека тоа е во интерес на бугарската заедница. Ова го велам како некој кој поминал низ слични тешкотии во обединувањето и интеграцијата на заедницата, рече Османи за БТВ.

Сепак, Пенадоровски се воздржа од критика на владата и отварање војна со Ковачевски, па дури и го бранеше Османи дека останал да биде вистински европеец по навредите за Македонија од страна на неговиот бугарски колега Николај Милков. Како виновник за влошувањето на односите со Бугарија ги прогласи Русите.

Да ве потсетам, не се чекаше минатата година, на тројца бугарски државјани им беше откажан престој. Еден од нив е посебно гласен во врска со настанот на 4 февруари. Другите двајца беа кобајаги новинари, им беше откажан престој и им беше забранет влез во Македонија во наредните шест месеци. Реакции имаше. Не можам да одам во детали, само ќе ви кажам дека дел од овие структури и лица се надоврзани на руската разузнавачка служба“, рече Пендаровски. Претседателот деманитира дека го свикал Советот за безбедност заради влошувањето на односите со Бугарија, но како што Алфа веќе објави, постои сериозна опасност спорот дополнително да се влоши и да има насилна ескалација на 4 февруари за кога Македонците се организираат со Со шатори и транспаренти да го штитат гробот на Гоце Делчев во црквата „Св. Спас “ од таканаречената инвазија на Бугари, кои најавуваат дека ќе дошле масовно да го чествувале бугарскиот револуционер Делчев.

Кристина Алексиеска

КАТЕГОРИИ
Споделете ja веста