Претседателите на бугарските клубови ќе добијат бугарски пасоши

Останаа без бугарски клубови во Македонија, но добија лични документи од Бугарија. Претседателот заедно со секретарот на затворениот бугарски клуб „Ванчо Михајлов“ од Битола, Љубчо Георгиевски и Благој Шаторов на свечена церемонија ќе им бидат врачени бугарските лични документи од страна на бугарската потпретседателка Јотова, јавува Бугарската национална телевизија.  Според бугарските медиуми, Јотова денеска ги потпишала указите за стекнување бугарско државјанство.

И Христијан Пендиков доби исти третман од бугарските власти. На свечена церемонија минатата недела и со интонирање на химната, Јотова му ги врачи бугарските документи.Тој оттаму порача. Бугарите трпат притисоци од како што вели македонските власти.

Сакам да им се заблагодарам на сите, на претседателот Радев, на потпретседателката Јотова и на сите во полицијата кои се грижат за мојата безбедност. Особено до доктор Милен Врабевски кој ми помага, вели Христијан Пендиков.

Со стартот на бугарско-македонскиот спор во врска со влегување на Бугарите во Уставот, бугарски клубови во Македонија почнаа да никнуваат како печурки после дожд.

Лицата кои екстремно се бореа за бугарските клубови во Македонија и зборуваа против македонскиот народ и историја, не ни имале бугарски лични документи. Претседателот на сега згаснатиот клуб во Битола Ванчо Михајлов, Љубчо Георгиевски, а и секретарот Благој Шаторов, од денеска официјално поседуваат лични документи како бугарски државјани.

Дури и Пендиков кој се чуствувал како Бугарин и трпел поради националната ориентација, немаше бугарски документи се до минатата недела на која ги доби со свечена церемонија како да е висок функционер во Владата на Бугарија. Тој освен што официјално стана Бугарин стана и граѓанин на Софија кој со државна стипендија ќе студира на софискиот универзитет.

Паула Костадиноска

КАТЕГОРИИ
Споделете ja веста