Претреси во Арачиново, пронајдена дрога

Единицата за недозволена трговија со дрога при Одделот за сузбивање на организиран и сериозен криминал вчера (01.09.2020) при претреси во Арачиново пронајде и одзеде марихуана. По претходно добиени оперативни информации и добиена наредба за претрес од Основен кривичен суд Скопје, извршен е претрес во дом и други простории на Б.А. (33) од с. Арачиново. Пронајдената марихуана е предадена на вештачење и се преземаат дополнителни мерки и активности за расчистување на случајот.

https://www.facebook.com/mvr.gov.mk/posts/2765964433732987
КАТЕГОРИИ
Споделете ja веста