Пресуда за Алфа ТВ: Судот ги погази сите докази и вештачења

Сите докази и вештачења покажуваат едно, а скопскиот кривичен суд гледа друго. Пресуди дека Телевизија Алфа наводно не платила данок од 84 илјади евра во 2013 и 2014 година, ја задолжи да ги плати судските трошоци од околу 1 200 евра и дополнително ја казни со 5 илјади евра. Управата за јавни приходи во 2021 година ја тужеше телевизијата дека наводно затаила односно не платила данок за позајмици во 2014 година, што е неиздржано според одбраната бидејќи законот предвидува рок од 5 години за враќање на позајмици доколку не стои поинаку во договорите и за истите телевизијата извршила отпис.

Практично, и вештачењето кое што беше изработено на предлог на телевизијата и супервештачењето по барање на судот покажуваат дека Алфа немала обврска за поднесување Даночен биланс бидејќи користи едноставен режим на оданочување, што се наведува и во самата пресуда.

  • Оттука, во 2014 година Алфа Скоп Доо Скопје немала обврска за поднесување на Даночен биланс за оданочување на непризнаени расходи, туку обврска за поднесување на Даночен биланс за вкупен приход, образец ДБ-ВП, од причина што нема остварен вкупен приход од работењето, односно применува поедноставен режим на оданочување. Со Даночниот биланс, за вкупен приход, образец СБ-ВП не се врши усогласување на непризнаени расходи  и не постои обврска за данок на добивка“ пишува во Првостепена пресуда на Основен Кривичен суд Скопје 1.

Но и покрај утврдените факти кои се наведуваат и во самата пресуда, конечната одлука на првостепениот суд е во полза на Управата за јавни приходи односно обвинителството, и не ги прафати доказите изведени пред судскиот совет и одбрната на телевизијата.

  • Судот не го прифаќа тврдењето во супервештачењето и во исказот на супервештакот дека, доколку друштвото би имало приход над 3.000.000,00 денари, единствено тогаш би подлежело на обврска да поднесе даночен биланс за утврдување на непризнаени расходи и во тој случај застарените побарувања да подлежат на отпишување и да се пресмета данок, а во спротивно немало обврска да пријавува непризнаени расходи од невратени позајмици, кои би биле основ за оданочување“ стои во Првостепена пресуда на Основен Кривичен суд Скопје 1.

Алфа телевизија ќе ја обжали одлуката пред повисоките судски инстанци и ќе побара според изведените докази да биде донесена соодветна одлука што не беше случај со првостепената пресуда.

Викторија Миткова

КАТЕГОРИИ
Споделете ja веста