Преспанското езеро буквално исчезнува – Надлежните не превземаат ништо

Дали македонската Влада дигна раце од Преспанското езеро кое има најнизок водостој во последниот век? Дека агонијата на второто по големина природно езеро во Македонија продолжува говори и податокот дека од крајот н амај до денес нивото на езерото е пониско за 20 см.

Иако причините за овој феномен не се сосема јасни и најверојатно се комбинација од климатските промени и човечкиот фактор, и било каква интервенција бара многу анализа и сложена и скапа акција, каде е тоа трилатерално меѓудржавно тело? Дали некој размислува за далекусежните последици на ова што се случува со Преспанското Езеро? Дали некој од Министерството случајно знае дека околу 25% од водата која го храни Охридското Езеро доаѓа од Преспанското? Екологистите, неладините здуженија и експертите прашуваат каде се преземените мерки од страна на Владата?

  • „Единствено што се изработи пред 2 години беше тој план за спас на Преспанското езеро каде што се проучи целкуопната состојба се наведоа некои факти од каде е тој губиток на вода,меѓутоа после тоа акцискиот план некако затаи немаме некои конкретни мерки ниту некоја гледам поголема соработка меѓу трите држави. – Истакна Ѓоко Зороски – инженер за животна средина.

Науката се уште трага по одговорот за ова варирање на Преспанското езеро, вели Зороски и додава дека во последниов период тоа е резултат на неповолната хидролошка состојба иако и во минататото Преспанското езеро се одликувало со големи варијациии на нивото на водата до неколку метри.

  • „Порано,некаде на почетокот на минатиот век дури имало една идеја од тогашните власти пред сто и нешто години, да минираат дел од Галичица посебно на отворите каде што најголем дел од Преспанското езеро понира во Охирдското езеро, да ги продлабочат тие отвори за да се повлече Преспанското езеро и да се добие поголема површина за јаболковите насади во Преспа, за среќа оваа идеја не е остварена. Во светот има и други вакви примери и тие биле пред се резултат на човечката негрижа и непромислените одлуки.“ – Додава Зороски.

Од граѓанската иницијатива Охрид СОС укажуваат дека не се оствари ни најавата за можно прогласување кризна состојба во Преспанскиот слив како што се бараше уште пред 2 години. Површината на езерото беше изучена преку сателитски снимки кои покажуваат дека од 1984 наваму има изгубено 7% од својата вкупна површина.

Студијата која ја правеа странски експерти, велат од Охрид СОС покажа дека површината со вегетација околу Преспанското Езеро во последните децении се зголемува и тоа главно за потребите на земјоделието. Тоа упатува на искористување на езерската и подземните води за наводнување, што е еден од главните фактори за намалување на водостојот.

Новинар Росица Голабоска
Снимател,монтажа Златко Маневски

КАТЕГОРИИ
Споделете ja веста