Премиерот пресече: Компаниите кои не ги намалија цените нема да добијат повеќе субвенционирана струја

Без субвенционирана цена на струјата да останат само оние компании од прехранбениот сектор кои не ги намалиле цените на основните прехранбени производи, а не сите фирми од овој сектор. Ова е пристапот кој би го преферирал премиерот Димитар Ковачевски кога ова прашање ќе се најде на владина седница, што веќе го најави министерот за економија.

Збогум на евтината струја за стопанството. Компаниите од прехранбениот сектор кои не ги намалија цените на основните производи повеќе нема да добиваат субвенционирана струја од 80 евра за мегаватчас, рече премиерот. Признава дека добар дел од компаниите се богателе врз грбот на граѓаните – користеле евтина струја, а не намалиле ниту денар на производите.

  • Има компании кои немаат немалување на цените. Државниот пазарен инспекторат мора да направи анализа и веќе ја прави – дали тоа е заради тоа што не сакале или заради тоа што имаат други елементи во трошковната структура на своите финални производи кои имале покачена цена како суровни, работна сила, транспорт логистика итн. кои што ги оневозможиле. Доколку нема објективни причини за тоа што не била намалена цената и покрај субвенционирата цена на електричната енергија тогаш нормално нема да добиваат субвенционирана цена на електрична енрегија бидејќи таа цена ја субвенционираат граѓаните на државата и тоа се средства на граѓаните за да можат да се намалат цените за граѓаните, рече Ковачевски.

Претходно, министерот за економија рече дека од 1 март треба да се укине субвенционираната струја за сите компании, бидејќи се покажало дека нема ефект од мерката и дека со тие пари подобро е да им се помогне на граѓаните. Предлогот ќе биде доставен до Владата, а сега премиерот вели дека не треба „сите да бидат казнети“.

Прашан конкретно дали сите компании од прехрабениот сектор треба да останат без субвенционата електрична енергија или само оние што не ги намалиле цените на основните производи премиерот рече:

  • „Мојот пристап би бил, доколку е можно, за тие одредени компании“, рече Ковачевски.

Инаку, нешто повеќе од 60, а некаде дури и над 70% од компаниите од прехранбениот сектор не ги намалиле цените на основните производи.

  • „Би рекол дека над 60, некаде и до 70 отсто, не ја почитувале одлуката и ги задржале истите цени, во однос на месецот ноември, пред да стапи на сила одлуката за субвенционирање на електрична енергија. Затоа Министерството за економија ќе и предложи на Владата да донесеме одлука за укинување на оваа мерка“, рече Бектеши.

Вкупно 240 фирми од прехранбениот сектор веќе трет месец користат субвенционирана струја по цена од 80 евра за мегават час. Мерката требаше да важи до 1-ви април, но по реакциите во јавноста дека од намалеување нема ни „Н“, Владата бара мерката веднаш да се укине.

Борис Грујоски

КАТЕГОРИИ
Споделете ja веста