Премиерот му „Удри шлаканица на Гир: Нема намера да ја послуша ЕУ за законите за „Бехтел и Енка“

За Ковачевски тотално е неважно предупредувањето од Брисел дека тој и Владата го злоупотребуваат европското знаменце. Иако не пропушта во секоја изјава да нагласи дека европскиот пат за Македонија е најважен, лично тој не ги почитува европските забелешки и јасни укажувања, па одлучи да ја игнорира и последната шлаканица од Европската Унија во врска со употребата на европското знаме на законите поврзани со „Бехтел и Енка“. На пораката од евроамбасадорот Дејвид Гир дека не треба употребата на скратени процедури да се злоупотребува за прескокнување на јавна расправа,  премиерот со децидна порака: ништо немало да ги спречи потребните измени во Собрание.

„Јас имам комуникација не само со делегацијата туку и дневна комуникација со американската амбасада, тоа вчера го потврди и високиот претставник на Стејт Департментот , Г-дин Ескобар. Во однос на законите за „Бехтел и Енка“ веќе објаснивме нема да дозволиме да има веќе кочење на собранието бидејќи две години има само блокади во Собранието. Граѓаните не им требаат блокади, им требаат европски прашања“, вели Димитар Ковачевски, премиер на РМ.

Во врска со тоа дали Европската Унија има механизам да ја спречи Владата која ги турка законите со знаменца набрзина, и покрај предупредувањето дека не се согласно европското законодавство, евроамбасадорот Гир нагласува дека е неопходно усогласување меѓу ставовите на сите политички партии. Ни во овој случај, како ни во многу други претходно владејачката гарнитура не направи никакви консултации со опозицијата.

„Причината поради која го отворив прашањето за употребата на европското знаменце е токму поради тоа што многу често во нашите извештаи за земјите укажуваме дека употребата на европското знаменце треба да биде за усвојување закони кои што се директно поврзани со европските практики и со европското законодавство. Реков дека секогаш употребата на европското знаменце треба да се направи по претходна вистинска консултација меѓу сите политички партии кога е во прашање усогласување на некој закон со европската легислатива, што во овој случај не е“, вели евроамбасадорот Дејвид Гир,

Владата достави до Собранието четири предлог закони поврзани со Коридорите 8 и 10 на кои им стави европски знаменца и покрај критиките од Европската Унија.

Паула Костадиноска

КАТЕГОРИИ
Споделете ja веста