Премиерот и претседателот пред уште едно големо празнично искушение – Пендаровски во „Св. Прохор Пчински“, Ковачевски на Мечкин Камен

Државно-црковна делегација предводена од претстедателот Стево Пендаровски по 18 години пауза, ќе го одбележи Денот на републиката во манастирот „Св. Прохор Пчински“. Во очи на 119 годишнината од Илинденското востание и 78 годишнина од првото заседание на АСНОМ кое одржано во „Прохор Пчински“ претседателите на Македонија и Србија се согласија македонската делегација да го одбележи големиот македонски празник, а ова доаѓа по прифаќањето на автокефалноста на Македонската православна црква Охридска архиепископија од страна на СПЦ.

Во разговорот со г.г. Порфириј, претседателот Пендаровски се заблагодари на патријархот за одлуката да биде овозможена посетата на манастирот  која следува со прифаќањето на автокефалноста на МПЦ – ОА од страна на СПЦ. Двајцата претседатели во разговорот се согласија дека релациите меѓу двете држави бележат одличен развој во повеќе области. Посетата на манастирот „Св. Прохор Пчински“, која се случува по речиси две децении е позитивен импулс за отворање нови поглавја во меѓусебните релации, стои во соопштението од Кабинетот на претседателот.

Освен Пендаровски, на одбележувањето ќе присуствуваат членови на Собранието, Владата и претставници на МПЦ – ОА. Од Кабинетот на претседателот велат дека настанот е од отворен тип, но нема да организираат превоз за граѓаните. Пендаровски, неодамна на Галичка свадба, беше исвиркан токму од гневниот народ.

Тоа не му беше прв случај, претходно беше исвиркан и кога отиде да положи свежо цвеќе на гробот на Гоце Делчев, на четврти февруари годинава.

Според најавите за учество на државниот политички врв премиерот Димитар Ковачевски големиот празник ќе го одбележи на Мечкин Камен во Крушево, а собранискиот спикер Талат Џафери во Пелинце.

Лидерот на опозициската ВМРО-ДПМНЕ традиционално и оваа година ќе го посети струшко Ташмаруништа.

Првиот човек на Македонската академија на науките и уметностите, академик Љупчо Коцарев ќе се обрати од потпелистерското село Трново, пред црквата „Успение на Пресвета Богородица”.

Адријана Алексиеска

КАТЕГОРИИ
Споделете ja веста