Премиерот инфлуенсер потрошил 50.000 евра за лајкови: Ковачевски дневно троши по речиси 300 евра за рекламирање на социјалните мрежи

За само еден ден 281 евро, во последниве седум 2.819 евра, во последниот месец 9.950 евра, во последниве три месеци пак 20.408. Од 14-ти октомври 2020-ра, кога била официјално отворена фан страната на Димитар Ковачевски на Фејсбук, за спонзорирани објави потрошени се вкупно 47.001 евро.

Гломазната ПР и продукциска машинерија на СДСМ и власта очигледно не штеди пари во обид да го крене рејтингот на својот шеф, кој според истражувањата на јавното мислење е во слободен пад. Па само за рекламирање на социјалните мрежи потрошени се неверојатни речиси 50.000 евра, ова го покажуваат јавно достапните информации на Фејсбук.

Парите за социјалните мрежи не се единствениот начин на кој Ковачевски се обидува да промовира. На помош ги ангажира и другите партиски членови, да се смеат пред камери. Па така пред само четири дена можевме да видиме како премиерот самиот себе и околу 50-тина други членови на раководството на партија ги облече во црвени елечиња, да најави дека ќе почнеле теренски активности и директна комуникација со граѓаните.

-Се се тоа успеси на оваа социјалдемократска Влада, на СДСМ и на коалиционите партнери. Ви благодарам, се фалеше Ковачевски.

Овој ПР потег на власта предзвика еден вид потсмев во јавноста и кај обичните луѓе.  Лидерот на опозицијата Христијан Мицкоски е на ставот дека ова сепак е само еден неуспешен обид на власта да се умилкува кај луѓет, вели дека граѓаните не сакале да ги примат претставнците на влста во своите домови.

Велат внимавајте, затворајте ги дворовите, криминалци шетаат по улиците, не им отворајте, изјави Мицкоски.

Најмногу, односно 4.000 евра премиерот потрошил за покана да ја посетите неговата фан страна Фејсбук. Пари се трошат и за други пред се видео материјали, каде речиси никаде не се промовира некаква владина политика или успех. Една до тие објави е каде власта се фали со автопатот Кичево- Охрид, за што се потрошени 600 евра, а истиот се гради веќе девет години, а видлив напредок нема со години.

Според аналитичарите, ова е само обид за собирање политички поени, на начин на кој Ковачевски сака да се покаже како обичен човек. Но и обид да се затскријат сите катастрофални политики на власта последниов период.

Инаку, според неофицијални информации на Алфа, владиниот ПР му го прави маркетинг компанија од Израел, чија цел е да помогне во кревањето на рејтингот на власта.

Матеја Петровски

КАТЕГОРИИ
Споделете ja веста