Премиерот да одлучел: Спасовски нема да поведе постапка за разрешување на Назим Буши

Оливер Спасовски нема да поведе постапка за разрешување на својот заменик Назим Буши, тоа било работа на премиерот Димитар Ковачевски. Министерот не сакаше ниту да одговори дали ќе иницира одговорност за Буши на владина седница, по објавата не големиот скандал. И за овој случај топката ја префрли кај премиерот.

-Владата си има мандатар, тој именува и разрешува министри и заменици министри. Јас не можам да го разрешам, тоа може само премиерот. Немам ингеренции за такво нешто, кажа Спасовски.

Како што објави Ора њуз, сместувањето на заменик министерот за само една ноќ чинело фантастични 20 илјади евра во екслузивен хотел. Буши веројатно бил воодушевен од раскошот на претседателскиот апартман, па решил да го сними луксузот во кој престојувал. Заменик министерот потврдува дека бил во Инстабул, но не верува дека сумата која тој не ја платил, била толку висока.

-Бевме во Турција за интервенција на внукот во болницата „Коч Хоспитал“. Во хотелскиот ппартман престојувавме повеќе лица, бевме гости на двајца пријатели од Скопје и не знам кој ја платил сметката и колку чинел престојот. Но сумата од 20.000 евра е претерана, изјави Буши.

Буши во Истанбул ноќевал во мегалуксузниот хотел со пет ѕвезди „Парк Босфор“. Она што е плус проблематично во овој момент е што тој не платил за своето сместување, во моменти кога Македонија е бод лупа на Европската Унија и САД токму за проблемот наречен корупција.

Инаку, заменик министерот за внатрешни работи се најде во центарот на друг скандал пред помалку од еден месец, кога медиумите објавија дека неговиот син неовластено возел автомобил со полициски флешери. На крајот од МВР соопштија дека не станувало збор за синот на Буши.

Матеја Петровски

КАТЕГОРИИ
Споделете ja веста