Преку апликацијата „Мое здравје“ секој ќе може да си ги следи сите можни прегледи

Денеска министерот ја презентираше апликацијата „Мое здравје“. Преку неа, секој граѓанин, со логирање ќе може да си има увид во податоците за сопственото здравје. Апликацијата е поврзана со системот „Мој термин“, од каде се преземаат сите податоци. Реализирани прегледи кај матичен лекар, специјалистички, лабораториски, дијагностички и болнички упати, рецепти, примени вакцини. Според министерот за здравство Фатмир Меџити, таа ќе го трансформира начинот со кој управуваме со нашето здравје.

КАТЕГОРИИ
Споделете ja веста