Прекршочна пријава за сопственикот на 40 метарското знаме со сонцето од кутлеш, поставено вчера на Самоиловата тврдина

За малку избегнат инцедент за најголемниот христијански празник Богојавление, 40 метарското знаме со сонцето од Кутлеш, поставени на дел од бедемот на Самоиловата тврдина кај Долна порта полицијата барала да се тргне. Група средношколци и студенти од Охрид побараа да го извадам знамето, јас им излегов во пресрет и тие го развиорија на ѕидините, вели адвокатот Тони Менкиноски  кој ги застапува македонците во Бугарија пред Судот за човекови права во Стразбур. Менкиноски против кого полицијата поднесе прекршочна пријава за нарушување на јавниот ред и мир, раскажува што точно се случило:

Полицијата дојде и сакаше да го тргне знамето имаше една бурна реакција од страна на луѓето кои го имаа поставено знамето, исто така ме запишаа мене како подносител.Јас им побарав да ми донесат наредба им реков ова знаме нека да го тргнеме се додека не донесете наредба или писмен документ со кој ќе не задолжите да го тргнеме. И тоа треба да го пренесете да го знае јавноста бидејќи беше можен и инцидент, вели Менкиноски.

-Ова значи дека идејата за македонската кауза не е мртва и мене ме импресионираше бидејќи добивав повици од младинци кои сакаат покажат дека македонската кауза не е закопана. Колку и да сака сегашниот образовен систем да ги насочи во друга насока морам да признам дека бев изненаден од тоа што го слушав од децата,од нивното  себеидентификување како македонци -вели Менкиноски.

Знамето веќе го нема на бедемите на Самоиловата тврдина на кое охриѓани му се радуваа бидејќи тоа е симбол, македонско обележје од кое никогаш нема да отстапиме, велат.

Значи и полиција и држава не може со народ, народот скокнал и рекол знамето да седи. И една порака моја, македонскиот народ не е само во Македонија, го има надвор и во дијаспората и со ова знаме се виде дека се дава поддршка на македонците секаде во светот, не сме сами и никогаш нема да бидеме сами горе главата македонци, вели охриѓанецот Здравко Чорбески

Ден по големиот христијански празник Богојавление Водици, Охрид традиционално го прославува денот на рибарите.

Овие празници во јануари се темел на христијанството и во градот Охрид добро знаат да се манифестираат, вели историчарот Никола Митровиќ

Инаку за ицидентот со знамето побаравме страв од полицијата, прашавеме зошто полицијата инсиситрала тоа да се тргне? Во соопштението кое ни го испратија стои дека вчера околу 10 часот  на малиот плоштад, од страна на Т.М.(49) од Скопје, нарушен е јавниот ред и мир со истакнување знаме или грб кој не ги содржи обележјата утврдени со закон.Од страна на полициските службеници, изготвен е записник за констатиран прекршок.

Росица Голабоска

КАТЕГОРИИ
Споделете ja веста