Предизборна реторика на Ковачевски? – Конечно премиерот со поостар тон кон бугарските провокации

Бугарија се оденсувала кон Македонија како што Русија се однесувала кон Украина. Ковачевски изненади со заострена реторика кон источниот сосед. Новиот речник на премиерот наликува на пред-изборните подготовоки за кои експертите веќе подолго време тврдат дека се во тек. На самитот на Советот на Европа кој се одржува Исланд, Ковачевски во реплика до бугарската потпретседателка Јотова, кончено покажа заби, па Бугарија ја спореди со Русија.

  • „Дискурсот кој се користи од страна на Бугарија кон Македонија за жал е многу сличен на дискурсот кој Руската Федерација го користи кон Украина. Неприфатливо е таквите обвинувања да се злоупотребуваат за политички цели особено во овој клучен период за иднината на Европа. Македонија е меѓународно признаена како функционално модерно мултиетничко општество каде се почитуваат сите права, а и сите извештаи го потврдуваат тоа.“ – Изјави премиерот.

Повод за ваквата несекојдневна реакција на Ковачевски, беа обвинувањата на Јотова, која пред меѓународната заедница покажа со прст кон Македонија и не обвини за систематско газење на правата на Бугарите кај нас.

  • „Се повеќе политичари си дозволуваат да зборуваат за човековите права како застарена политика и луксуз. Затоа мораме да бидеме особено внимателни кога се соочуваме со нетолеранција, непочитување на етничките права и дискриминација.“ – Посочи Јотова.

Таа додаде и дека човековите права не можат да се гарантираат само во документи и дека секој обид за нивно прекршување мора да биде пречекан со цврст став и силна акција. На што премиерот Ковачевски истакна дека обвинувањата доаѓаат од земја која не ги почитува пресудите на Европскиот суд за човекови права.

Инаку, Бугарија е позната по редовното и конитунирано непочитувања на човековите права на помалите етнички заедници. Таа е на високото 7мо место со најголем број неспроведени пресуди на Европскиот суд за човекови права, вкупно 166 кои не се во корист на Бугарија. Тамошните македонци постојано аларамираат за етничка репресија преку ограничувања на човековите права, а досега добија 16 пресуди пред меѓународниот суд. На македонците од пиринска Македонија, постојано им се скратува правото на здружување, изучување на мајчиниот јазик и слободното изјаснување на етничката припадност. Во ретките моменти кога ќе успеат во своите намери, Бугарија институционално ги задушува македонските здруженија и организации.

Никола Цветкоски

КАТЕГОРИИ
Споделете ja веста