ПРЕВИСОКИ ЦЕНИ ВО ОХРИД, ТУРИСТИТЕ СЕ ЖАЛАТ, ЕКСПЕРТИТЕ БАРААТ „ДА СЕ ИМА УСУЛ“

Во екот на летото,цените на хотелско-угостителските услуги во туристички Охрид се превисоки за и така плиткиот џеб на македонските граѓани. За илустрација, во одрени локали во центарот на градот за пиво од 330 милилитри ќе платите 210 денари, а газираните пијалоци чинат и до 150 денари.Вртоглавиот раст на цените, не ги оправдуваат туристичките експерти според коиценовната политика треба да се прилагоди на можностите на домашните туристи.

-Интервенцијата на намалување на цените на услугите мора да биде во рамките на еснафот или на коморското здружување-вели универзитетскиот професор Науме Мариноски,потенцирајќи дека безмалку во сите угостителски објекти цените се исти,што значи дека постои договор помеѓу сопствениците на угостителските објекти.

Картелскиот систем е со доза на непочитување на пазарните механизми и тоа е договор кога никој не смее да ја намали цената и тоа би се одразило негативно врз квалитетот на услугите и врз конкурентноста.Значи практично тогаш нема конкурентност ако се пристапува кон договор кој би носел кон едно високо ниво на задржување на цените, изјави проф.др.Науме Мариноски-Ф.Т.У

Законите за конкуренција забрануваат картели, во случајов вели Мариноски,пазарната инспекција има доволно аргументи да го испита тој процес.

Од еснафот на угостители пак цврсто стојат на ставот дека Охрид е поефтин од многу дестинации во државава кои воопшто не се атрактивни.

Таквата ценовна политика, секој жител во својот град знае дека има категории на објекти на локали и може да очекува ценовен распон од толку до толку, така да и Охрид не е исклучк. Затоа и треба некој да се запраша ако е некаде одредениот производ поскап, дали има причини и оправдание зошто е тоа поскапо и дали има посетеност.Ако има посетители значи некој од гостите си го нашол тоа што го очекува на висина на услугата со која е услужен, изјави Михаил Мишев-еснаф на угостители

И додека од еснафот на угостители велат дека се неосновани забелешките за превисоките цени,експертите за туризам укажуваат дека со корегирањето на цените во ек на сезона Охрид ќе ги узгуби имиџот, а угоститесските објекти, во безизел-ќе мора да стават клуч на врата.Тие потенцираат дека ваквата слика не е карактеристична само за Охрид .Во зголемата побаравучка се наоѓа можност за покачување на цената дури и кога станува збор за излетнички места во нашата држава.

Росица Голабоска

КАТЕГОРИИ
Споделете ja веста