Прво брусевме сега крадеме: Украден е штитот од статуата на Александар I Филхелен на „Мостот на цивилизациите“

Македонските споменици оставени сами на себе да пропаѓаат и да ги изеде забот на времето. Последен од низата што настрада е статуата на Александар Први Филхелен кој се наоѓа на мостот на цивилизациите. Овој споменик на лик од македонската античка историја остана без својот голем бронзен штит. Кој, зошто и каде го однел штитот никој не знае. Не е јасно и дали станува збор за поединец или група крадци кои ќе се офајдат од продажбата на бронзата или некој што само зака да го вандализира ови споменици.

Од Град Скопје под чија надлежност се статуите, не се достапни за одговор, а од МВР пак,  на прашањата што се случува со статутите и дали е пријавено за украдениот штит, имаат кус одговор.

Почитувани,
До сега нема пријава за одземен штит, велат од МВР.

Но, не е само Александар Филхелен Први кој страда. Сите други статуи на овој мост, веќе подолго време, пак, се без информативните табли или натписни бронзени плочи. Од неодамна изчезна и големата брознена плоча со наслов „палата Александар Македонски“.  Надлежните и за овие случаи молчат. За разлика од сега, кога требаше да им се удоволи на Грците заради Преспанскиот договор, тогаш власта експресно успеа да го смени сите табли и на нив да објаснува дека не станувало збор за Македонска Античка Историја, туку за хеленистичка.

Не се само статуите и белезите од Античка Македонија, кои му пречат или се цел на вандали? Вчера медиумите објавија дека некој ја искршил и новопоставената плоча со која се оддава почит на осумината загинати во масакрот кај Вејце, и за неа нема никаква реација.

Нема ниту за Цветан Димов чија биста исчезна пред неколку дена, а бистите на Никола Вапцаров и Коле Неделковски одамна ги нема во Градскиот парк. Од МВР засега велат дека се работи на расветлување на случајот, но нема официјални информации кој е крадецот.

Паула Костадиноска

КАТЕГОРИИ
Споделете ja веста