Првоаприлска анкета на Алфа: Кој функционер најмногу лаже?

За функционерите во Македонија не постои ден на лагата односно шегата, ним им е секојдневие да не ни ја кажуваат вистината, или како што и самите граѓани слободно велат: да не лажат. Денеска ги прашавме: кој функционер најмногу лаже во Македонија?

Сепак, генералната оценка на добар дел од луѓето е дека политиката е еднаква на лажење.

Сите анкетирани граѓани се обидоа да бидат насмеани додека одговараа на нашите прашања, оти според познатата народна „да се насмееме за да не заплачеме“, барем денеска низ смеа да им погледнеме на проблемите в лице кои секој ден ни ги „сервираат“ креаторите на јавните политики.

Никола Цветкоски

КАТЕГОРИИ
Споделете ja веста