Први мај некогаш и денес, празникот го менува карактерот, безпарицата си го направи своето

Сончево време, скара , добро расположение, метеж и колони возила до излетничките места. Иако безпарицата ја чуствуваат сите сепак традицијата за првомајска краја ја испочитуваат. Решетката годинава попразна ама желбата за дружење, скара и музика се уште е присутна. Излетничките места околу Скопје и годинава полни можеби не како некогаш ама Скопјани не се откажуваат од традицијата, од протест на скара.
Вечна е битката за работничките права и правдата, велат граѓаните. Сепак со носталгија се сеќаваат на поранешните времиња, на работата и на задоволството од мајските традиционални излети. Порано велат било повесело.

Најраздвижено во Скопје на Матка . Покрај домашните многубројни беа странските туристи. Велат најмногу им се допаѓа природата, храната и гостопримството во Македонија

Инаку денот на трудот се празнува во чест на жртвите од првомајскиот штрајк пред 125 години во Чикаго, на кој работниците барале осумчасовен работен ден. Протестите започнале на први мај, а кулминирале на трети мај кога дошло до судир меѓу  работниците на синдикатот кои штрајкувале и оние кои биле вработени наместо нив, се вмешала многубројната полиција со палици и огнено оружје за да воспостави ред при што биле убиени 4 лица и повредени  многу членови на синдикатот.

Кристина Алексиеска

КАТЕГОРИИ
Споделете ja веста