Првиот човек на МВР не знаел ништо за софтверот и набавката на уреди за биометриска идентификација

Министерот за внатрешни работи не бил запознаен ниту со софтверот за сообраќајни прекршоци ниту со набавката на уреди за биометриска идентификација на Драги Рашковски. На ниту една од владините седници не се зборувало за тоа додека тој бил технички премиер и прв човек на МВР. Прашан пред судот, дали во рамки на МВР била формирана група за набавка на софтвер за определување просечна брзина, првиот полицаец сведочеше дека од тогашниот премиер Зоран Заев добил мандатно писмо за утврдување модели и правење анализи за надградба на системот „Сејф сити“ и во делот на безбедноста на сообраќајот.

  • „ Не знам дали е тоа релевантно за случајот. Таква анализа е правена за потребите на МВР, а не за Владата. Во мандатното писмо од Зоран Заев стоеше да се изврши анализа за подобрување на состојбите во сообраќајот преку надградба на системот. Сме правеле анализи за начинот и модели за надградба на системот ‘Безбеден град’ кој егзистира, надградбата да биде и во делот на сообраќајот. Една од опциите е да се набави нов софтвер, втора опција да се изврши надградба на системот „Сејфт Сити“ “, додаде тој.

Рашковски го праша првиот полицаец дали направил грешка со тоа што го известил директорот на Бирото за јавна безбедност дека ќе го тестираат софтверот, тој одговори тоа им било обврска.

  • Не знам дали сте направиле грешка или не. Сте имале обврска да информирате се што работите на улица, во насока на ваша и општа безбедност“, изјави тој.

По предлог на обвинителката Ивана Трајчева, сведочеа Ивица Димовски и Димитар Попоски, сопственици на фирмите од каде Рашковски преку Генералниот секретаријат ги набавувал кабините и камерите за софтверите.

Од друга страна, првообвинетиот сведочењето на министерот за внатрешни го сметаат за клучен фактор во побивањето на обвнителниот акт. Рашковски тврди дека софтверот не го набавил за да казнува преку Генерланиот секретаријат, туку напротив, тој бил направен за анализирање како да се намали бројот на прекршоци во сообраќајот.

  • „Денеска и самите бевте сведоци дека ја разбивме и последната теза на Обвинителството дека софтверот е набавен за потребите на МВР. Софтверот како што кажа и министерот е набавен за потребите на Владата, во рамките на остварување на нивните активности и законски предвидени обврски, за правење на анализи. Процесот, односно софтверот е набавен со цел да се интензивира процесот на инклузија на сите можни чинители, кои имаат знаење, можност и вештини, со цел да се намали бројот на жртви во сообраќајот, бројот на повредени во сообраќајот и да се намали она што што е најмалку битно, но е проблем за луѓето, а тоа е помала материјална штета при сообраќајни несреќи“.

Судскиот процес „Софтвери“ се наоѓа во доказна постапка. Според обвинението, Рашковски и уште шест лица ја злоупотребиле службената положба при спроведување на четири постапки за јавна набавка, и притоа во џеб си ставиле 300 илјади евра.

Викторија Миткова

КАТЕГОРИИ
Споделете ja веста