Прва пресуда од Стразбур за 27 април – Божиновска: Најмногу ми значи што правдата е задоволена

Прва пресуда од Стразбур за 27 април. Европскиот суд за човеки права пресуди дека на Елена Доцевска Божиновска, актуелна советничка на ВМРО – ДПМНЕ во Општина Куманово, поранешен собраниски службеник ,  пресуди дека и биле прекршени правата при постапката за одредување притвор во врска со собраниските случувања од 2017.

Во пресудата се наведени бројни повреди и прекршувања во текот на целата постапка за настанот од 27 Април .

Во судот во Стразбур , Доцевска Божиновска се жалеше дека македонскиот суд иобвинителството ги одолговлекувале нејзините жалби за притвор . По пет години , Стразбур пресуди во нејзина корист

Во втората фаза минатата година добив предлог од судот , да се спогодам со Владата за да ми се плати извесна оштета за претрпеното, меѓутоа без размислување го одбив тој предлог. Тоа што мене ми значи е напишаното во Пресудата, каде што стои дека Република Македонија го има прекршено член 5 став 4 од Европската конвенција за човекови права при повеќе основи за незаконско утврдување на притвор, продолжување , бројни повреди и прекршување за целата постапка на кои бевме сведоци. Имаше зверски притвори, и полоши и позверски околности беа на самиот процес, политички , монтиран , драконски казни, вели Доцевска Божиновска за Алфа.

Доцевска – Божиновска беше една од 33-цата обвинети за случувањата во собранието на 27 Април очекува дека правдата ќе биде задоволена и за останатите осудениз

Јас оваа битка ја добив, многу ми е драго што е прва добиена битка, зошто ќе биде многу значајна за текот на битките што дополнително ќе бидат водено. Искрено верувам дека ќе следат и други вакви пресуди , и продолжуваме за конечна победа на неправодно осудените уставобранители, додава Божиновска

Судот од Стразбур во пресудата од 9-ти мај, вели дека во нејзиниот случај е прекршена европската конвенција за човекови права, ја задолжува државата во рок од три месеци да исплати оштета од 750 евра плус 850 евра за судски трошоци, но за неа парите не се важни, важна е правдата.

Доцевска – Божиновска беше вработена во Кабинетот на поранешниот претседател на Собранието, Трајко Вељаноски, беше  притворена на 30 ноември 2017-та со Одлука на тричлен совет од Кривичниот суд, по жалба на Обвинителството откако таа претходно беше во куќен притвор .

Кристина Алексиеска

КАТЕГОРИИ
Споделете ja веста