Прва клапа на „Бистра вода“- почна снимањето на телевизиската серија во продукција на ТВ Алфа

Tајните интриги на бизнисот, криминалот, високата политика – претставени низ призмата на две семејства и конфликт стар 45 години – ова е главната тема на првата македонска криминалистичка серија во продукција на телевизија Алфа. Првата клапа на серијата падна денеска. Ќе се снима во наредните два месеца на повеќе локации низ Македонија. Редица познати македонски актери се дел од мега проектот. Според режисерот Јани Бојаџи, единствен начин вистински да се етаблира национална телевизија, е со национална продукција.

Станува збор за две семејства кои ќе влезат во конфликт поради недоразбирање од пред 45 години помеѓу двајца луѓе, и во тогашна социјалистичка Македонија Александар ќе замине во Канада. После 45 години се враќа со цел да си го собере семејството на купче и да создаде здраво организирано семејство, откако ќе ги расчистат сите недоразбирања, семејни тајни. Наспроти нив, е семејството на Арсен, другар од детство на Александар, кој 45 години прави сплетки и интриги со цел да го растури неговото семејство. Семејна драма, семејна трагедија на две семејства, како во сите филмови, едното семејство на крајот ќе биде среќно, другото ќе изгуби се – изјави режисерот Јани Бојаџи.

Главниот лик во серијата е Димитар. Тој е испосник во еден манастир. Интересен лик за кој било потребна подолга подготовка, објанува за Алфа актерот Дамевски:.

Димитар е испосник во еден манастир, тука почнува приказната понатаму ќе се промени како лик. Имавме долг период на подготовки, тоа е многу добро бидејќи сите имавме можност да го осетиме ликот, тоа е како чевел, како ракавица, треба време додека легне. Да сме живи и здрави, мислам дека се ќе оди как што треба. ,Ме радува тоа што се рабпти на серија, ова е криминалистичка серија малку помрачна, радува што и кај нас има, и пшто ќе има работа за глумци и се надеваме дека ќе излеземе и надвор. Фалеше ова, од бивша Југославија не се снимаат такви серии, многу напор бара, многу посветеност, сериозен проект – изјави актерот Мони Дамевски.

Во фокусот на приказната е и Дамјан кого го глуми познатиот актер Дејан Лилиќ.

Јас ја имам улогата на Дамјан, една голема улога, затоа што на некој начин спојува два света, овој овде нашиот некој западен свет, а суштината што ја носи во својата душа е од овде. Подготовките беа напорни, 12 епизоди, многу текст, не е содржината површна туку длабока, голема вертикала има направено Јани и сите кои работеле на текстот, насценариото – изјави актерот Дејан Лилиќ.

За тимот кој е вклучен во реализацијата на мега телевизискиот проект првиот ден тече одлично:

Супер тече снимањето, задоволни сме, да се надеваме дека ќе биде супер, супер искуство, супер екипа. Јас играм игумен, поразлично од се до сега што сум играл, и се надевам дека ќе ја доловам – изјави актерот Андреј Серафимовски.

Мојата работа е сценариото да го визуелизирам, тоа го работиме со режисерот, технички како изгледа тоа, се поставува некоја сцена, актерите го прават своето дејство, после тоа по кратка дискусија со  режисерот одлучуваме како ќе се визуелизира тоа, и креативниот дел каде што се одлучува композиција, кадар, светло – изјави Кристијан Караџовски – директор на фотографија.

Алфа телевизија новата сезона на есен ќе ја отвори со македонска серија а според режисерот Бојаџи, овој проект ќе придонесе да се тргне етикетата дека Македонците се некадарни и не знаат да направат домашен производ кој ќе не рефлектира точно онакви какви што сме.

Адријана Алексиеска

КАТЕГОРИИ
Споделете ja веста