„Првата лопата„ за автопатите од коридорот 8 и коридорот 10 ќе чека да помине зимата

Власта повторно доцни со стартот на изградбата на автопатските делници што ќе се градат на Коридор 8 и Коридор 10-Д.  Овој пат како оправдување, од ресорното министерство бараат во постапката за избор на Надзор и правен трансакциски советник за изградба на автопатите на двата коридора што ќе ги граде американско-турскиот конзорцуим „Бехтал и Енка„  Доколку постапката е успешна догодина ќе се почнее со работа не терен, ветуваат надлежните.

 „ Постапката се уште е во тек. По завршување на постапката ЈП Државни патишта ќе ја информира Владата, но и јавноста за тоа дали и колку компании се во игра за да ја добиат оваа постапка и да бидат консултанска куќа и Надзор на изградбата на овие патишта. Доколку оваа постапка биде успешна тогаш ќе се влезе во фаза на преговори помеѓу таа консултанска куќа и команијата Бехтал„-изјави Благој Бочварски, Министер за труд и социјална политика.

Претходниот тендер за избор на Надзор, пропадна откако хрватската фирма која беше избрана не поднесе банкарска гаранција.

    Лани во март државата потпиша Меморандумот со американско-турскиот конзорциум, а Собранието донесе Закон за утврдување на јавен интерес и номинирање стратешки партнер за проектот изградба на инфраструктурните Коридор 8 и Коридор 10Д. Тогаш Антикорупциска отцени дека со овој закон се ограничува конкуренцијата , бидејќи не се предвидува тендерска постапка, а власта пак уверуваше дека овој модел ќе ги даде најбрзите и најоптимални резултати во изградбата на патната инфраструктура.  Според првичните најави градежните активности требаше да започнат пролетта што измина. 

Александра Ристовска

КАТЕГОРИИ
Споделете ja веста