Првата антикорупционерка ќе се произнесе за патувањето на децата на Ковачевски, ама после Грковска

Антикорупцсика нема да отвори предмет по допрен глас за екскурзијата на децата на Ковачевски во САД се додека вицепремиерката за добро владеење Славица Грковска не се изјасни по ова прашање. Првата антикорупционерка се повикува на етичкиот кодекс на Владата и бара вицепремиерката за добро владеење да каже дали премиерот треба или не треба да покаже кој ја платил прекуокеанската екскурзија.

Тој вели платил., јас реков да покаже.

Прашање: Meѓутоа нема намера да покаже?

Јас уште еднаш ќе оставам простор да профункционерина етичкиот кодекс односно вицепремиерката за добро владеење, таму ако кај нив не потекнува добро владеење, не можеме да очекуваме од другите институции. Ако тоа не се случи во догледно време ќе побараме и ние. – вели Ивановска.

Но, вицепремиерката за добро владеење беше дел од делегацијата на работната посета во Соединетите држави, односно заедно во групата со децата на Ковачевски, па речиси цел месец молчи. Заедно со членовите на делегацијата според извори на Алфа, на прошетките во Њујорк и Вашингтон присуствувале и децата, но засега ниту еден нема намера да коментира за неморалното политичко однесување на премиерот вклучително и најповиканата во моментот, вицепремиерката задолжена за морал и коректно однесување во Владата, односно добро владеење, Грковска.

Премиерот Ковачевски прво се правдаше со Вујче од Америка, за потоа да тврди дека приватните патување се лична работа на децата и немаат врска со народни пари. Има одговори, но нема намера и да покаже, кој платил?

На почеток на месецов владина делегација беше цела седмица во работна посета во САД по повод 30 години членство на Македонија во Обединетите нации.

Алфа се уште чека одговор од Владата, колку членови броеше делегацијата, колку народни пари се потрошени и кој ги плати прошетките, авионските карти и хотелското сместување на децата на Ковачевски.

Паула Костадиноска

КАТЕГОРИИ
Споделете ja веста