Пратенички прашања – во фокус пресудата од Стразбур за 27 април, eнергетската криза, проблемите во образованието

Тензична и напната атмосфера на седницата за пратенички прашања, која помина во знакот на обвинувања, навреди, нецелосни и неконкретни одговори.Изградбата на коридорите, енергетската криза, судскиот процес од 27 април главни теми на препукување помеѓу власта и опозицијата.

Второто прашање ми е во врска со утринската изјава на вашиот вицепремиер за економски прашања, во врска со поскапувањето на струјата дополнително и воведувањето на евтина тарифа, прашањето ми е следно, колку ќе биде нето поскапувањето на струјата од 1 јули по основ на 8 % покачување на ДДВ“ , праша Бојан Стојаноски од ВМРО-ДПМНЕ.

Ќе ви дадам само една споредба, во целиот ваш мандат беа инсталирани 18 мегавати обновливи извори на енергија. Во времето на оваа Влада за една година се инсталирани и пуштени во мрежа 210 мегавати обновливи извори на електрична енергија, капацитет поголем од капацитетот на еден блок на РЕК Битола, доволен да снабди потрошувачка на 10 града во Македонија, со просечна потрошувачка на електрична енергија со 76.000 домаќинства, одговори премиерот Ковачевски, оценувајќи дека денес зборуваме за конкретни резултати во областа на енергетиката.

По одлуката од Стрзабур во корист на Еелена Доцевска Божиновска за собраниските настани од 27 април, од ВМРО-ДПМНЕ прашаа дали ќе биде покрената истрага за судиите кои, како што велат носеле одлуки, а знаеле дека ги прекршувале човековите права.

Како не ви е срам да ги искористите луѓето и да ги фрлите на улица и уште да глумите дека се борите за нив?, возврати Јован Митрески од СДСМ кон пратениците од ВМРО-ДПМНЕ. 

Опозицијата ги адресираше проблемите и од областа на здравството, образованието но и надворешната политика – а премиерот Ковачевски од собраниската говорница се расфрлаше со ветувања дека стандардот на граѓаните ќе расте и дека Македонија ќе стане членка на ЕУ.

Адријана Алексиеска

КАТЕГОРИИ
Споделете ja веста