Пратеничката група на ВМРО-ДПМНЕ поднесе барање до Ковачевски да им го достави договорот со „ Бехтел и Енка“

Пратениците од ВМРО- ДПМНЕ и официјално побараа од Премиерот Ковачевски да им го достави договорот со Бехтел и Енка, кој власта упорно го крие . Од партијата сметаат дека  според Законот за класифицирани информации, пратениците, посебно тие што поседуваат безбедносен сертификат мора да  имаат пристап до Владини документи означени како „ државна тајна“. Пратеникот Антонијо Милошски  најави дека нема да закажуват собраниски комисии со кои председаваат тие се додека не го добијат договорот оти вака расправале за „ мачка во вреќа“ .

Во договорот има штетни клаузули коишто прават буџетски штети, а се во корист на приватната фирма, особено после лиферувањето на делови од овој договор дека Владата се обврзала да ја продолжи работната недела од 40 на 60 работни часа, што е спротивно на Законот за работни односи и е спротивно на одлуката на Уставниот суд која што би требало да е конечна. Ваквото продолжување во самиот законодавен дом би значело прекршување на одлуката на Уставниот суд што е кривично дело – рече Милошоски.

И додека целата експертска јавност е на нозе и бара повлекување на законите, сите го бараат договорот кој никако да излезе на виделина, владејачкото мнозинство си ја брка работата во Собрание.

Продолжи амандманската расправа за Законот за минерални суровини и уште на старт, предлагачот го отфрли првиот амандман од ВМРО – ДПМНЕ. Опозицијата бара да не се прават законски измени, оти ако се направат кој како и каде сака ќе копа , и практично државата ќе дава дозволи за концесија на јавното претпријатие за државни патишта без да го помине филтерот на институциите. Власта се правда – не било ништо спорно туку само скратување на рокови, а државата ќе контролирала каде и што ќе  се копало. Опозицијата се сомнева дека кадрите од ДУИ од една институција ќе даваат дозвола на кадрите од ДУИ од друга институција.  

Сега како што е поставено да може да се копа каде сака и колку сака . Без оглед н штетите што може да бидат предизвикани . Зошто токму се бара дозвола од овие институции, рече Тони Јаревски од ВМРО – ДПМНЕ

Главен збор е стратешки интереси и изградба на патните коридори . Ова е главното на предлогот на овие закони, забрзување на изградбата на овие коридори, вели Фазли Бедри од ДУИ

Еден од најспорните закони е оној кој ќе дозволи 60 часа работна недела , но пратениците откако изгласаа дневен ред повторно не дискутираа . За овој закон има поднесено над 1000 амандмани, а се шпекулира дека владејачкото мнозинство бара начин како да се скрати расправата, и законот да добие европско знаменце.

КАТЕГОРИИ
Споделете ja веста