Пратеничката Ванчева Калеска му го згреши името и функцијата на претседателот на украинскиот парламент

Пратеничката на СДСМ Снежана Ванчева Калеска во објава на Фејсбук му го згреши името на спикерот на украинскиот парламент Руслан Стефанчук, а истовремено го „прогласи“ за „привремен претседател на Украина“.

Имено, под заедничката фотографија по средбата со претседателот на врховната рада Стефанчук, со кого се запознала при студиска посета на шведскиот парламент ригсдаг, Ванчева Калеска погрешно напишала дека тоа е „спикерот на украинската врховна рада Олександар Турчинов“. Таа уште вели дека „тој воедно ја извршува привремено и функцијата претседател на Украина“.

Под нејзината објава самиот Стефанчук се јави со коментар да објасни дека тој не се вика Олександар Турчинов и не ја извршува привремено функцијата претседател на Украина.

„Драга Снежана, драго ми е што се запознавме, но моето име е Руслан Стефанчук, јас сум спикер на украинскиот парламент, а претседател на украина е Володимир Зеленски“ – ѝ напиша Стефанчук на пратеничката од Македонија.

Откако пратеникот Антонио Милошоски го објави нејзиниот статус со грешка во името на соговорникот, неговата колешка Ванчева Калеска објави „корегирана“ верзија со точното име, презиме и функција на политичарот со кого се фотографирала.

КАТЕГОРИИ
Споделете ja веста