Пратениците земаа поголема плата: За осум дена 16.000 денари повеќе

Пратениците веќе се офајдиле од покачувањето на платите за функционерите. Тие ја зеле мартовската плата која во просек била поголема 16 илјади денари, зашто одлуката на Уставниот суд беше објавена во Службен весник на 23 март и се применува веднаш.

Доколку не се направат законски измени априлската плата ќе им биде поголема за до 78% за цел месец, со што тие би земале меѓу 1.750 и 1.850 евра.

КАТЕГОРИИ
Споделете ja веста