Празнични провокации од Бугарија: За фондацијата „Македонија“ немало востание туку герила акција

Државниот празник „11 октомври“ раѓа омраза кон Бугарите во Македонија и за Македонија нема Европска Унија додека денот се празнува. Источниот сосед не остана рамнодушен дека Македонија го слави Востанието на македонскиот народ против фашизмот. Провокација стигна од бугарската фондација наречена „Македонија“ која со денови сее провокации на социјалните мрежи.

На денешниот официјален „празник“ во Северна Македонија, посакуваме да им порачаме на Македонците: немало народно востание на 11 октомври 1941 година. Ве лажат. Станува збор за кривично дело на 20 герилци од Тито кои што се фатени од полицијата во Прилеп за неколку часови. Овој „празник“ раѓа омраза кон Бугарите во Северна Македонија и Скопје не може да стане членка на ЕУ додека го „слави“ денешниот датум! – пишуваат од фондацијата,

Фондација, директно финансирана од државниот буџет на Бугарија, уште пред празникот ни посочи дека ако не се укине прославата за „11-ти октомври“, кога во Прилеп и Куманово била нападната како што велат – бугарската полиција, Македонија нема да може да смета дека некогаш ќе биде дел од ЕУ.

-Комисијата за историја ќе стигне до овој период и ќе покаже дека 11 Октомври е криминално дело на 20 лица, чија жртва беше внукот на Дамјан Груев – Петар Дамев! Срамота и гнасотија е 80 години да се лаже цело општество, дека криминалното дејствие на 20 луѓе е „манифестација“ на „македонската волја за слобода“… Срам на кој наскоро ќе биде ставен крај!, велат од „Фондација Македонија“- Софија.

Навредливи зборови пристигнаа и од европратеникот Анѓел Џамбаски. Тој напиша дека е време е да се урне македонизмот, последниот бастион на Југославија која се распадна. Џамбаски не остана рамнодушен бидејки минситерот Османи во саботата во осуди отварањето на бугарскиот клуб „Цар Борис трети“

-Ова, господине Османи, не е провокација туку факт. Години на коминтернски лаги и пропаганда не можат да ја променат историјата. И таа покажува дека бугарските чети биле пречекани како ослободители со цвеќиња и бугарски песни. Омразениот за сите Македонци Иван Михајлов вели: ‘Кога се отворија бугарски училишта во Македонија во 1941 година, таму немаше бунт и не се бараа други училишта’. Крајно време е политичарите крај Вардар да сфатат дека нивниот страв од колапс на лагата не ја оправдува омразата и репресијата кон Бугарите. Југославија се распадна, време е да се урне нејзиниот последен бастион – македонизмот, пишува Џамбаски.

Реакција за отворањето на бугарските клубови во Македонија стигна и од претседателот Пендаровски кој апелира за постојните бугарски клубови надлежните институции соодветно да реагираат, бидејќи не биле случајни и правеле политичка штета. Предлог закон според владата допрва се подготвува, а со таква законска регулатива отворањето на ваквите бугарски клубови именувани по спорни историски личности би станало забрането.

Викторија Миткова

КАТЕГОРИИ
Споделете ja веста