Правда на бугарски начин: Нема пријава за ниту еден од виновниците за кршењето на Македонскиот клуб во Благоевград

Притвор, судење, пресуда за палењето на бугарскиот клуб во Битола наспроти ослободување на виновниците за каменувањето на македонскиот клуб во Благоевград. Каде е реципроцитетот кој го бара официјална Софија од Македонците?

Без никаква пријава, откако неколку часа беа задржани на разговор, напаѓачите на клубот „Никола Вапцаров“ беа ослободени и застанаа пред бугарските медиуми да се пофалат дека каменувањето било исправно. Не стигна никаква осуда ниту од локалните ниту од државните бугарски власти за инцидентот кој со намера го направиле вработените во општина Благоевград и нивните сопруги, меѓу кои и поранешна кандидатка за градоначалник во последните два изборни циклуса. Дури и штетата која ја направиле 4-цата каменувачи на македонскиот клуб не ја платија од џеб, туку жителите на Благоевград собрале пари за скршените прозори.  

  • „Јас сум иницијатор за тоа што се случи. Ова не е вандалски чин. Нашите граѓани и нашата држава беа понижени од Македонија“ рече вчера Костадинова.

Наспротив ваквиот сталожен став на Софија, македонските власти остро реагираа и испратија секаква осуда за палањето на клубот „Ванчо Михајлов“ во Битола. Ламбе Алабаковски откако призна вина, беше осуден на условна казна од шест месеци во септември лани, доколку во период од една година не стори ново кривично дело. Алабаковски беше задржан во притвор иако адвокатскиот тим тврдеше дека нема потреба од обезбедување на неговото присуство што и се докажа. Освен бранителот во политичката позадина на неговото приведување се сомневаше и македонската јавноста која преку протест искажа „поддршка за Ламбе“.

  • Видете вака дека јавноста, воопшто она што се случува, не би кажал политика како политика ради некоја партија. Поради она што се случува со Бугарија сигурно дека има голем допринос и тоа“, изјави Георгиев за Алфа на 08.03.2022.

Бугарските клубови се актуелизираа во Македонија откако стигнаа најави за отворање во Битола и Охрид кој носат скандалозни историски имиња за македонската историја. Роковите за промена на фашистичките имиња на бугарските клубови веќе истекуваат. За шест дена, односно  16 февруари е последниот ден до кога клубовите „Ванчо Михајлов„ и „Цар Борис Трети„ мора да ги сменат имињата или ќе им следува клуч на врата. Доколку тоа не го сторат, министерот за правда, по мислење на ново формираната комисија, треба да побара од централниот регистар да ги избрише здруженијата.. Постапката за нивното бришење се темечи на законски измени во Законот за здруженија и фондации, кои по предлог на опозицијата, беа изгласани во македонското собрание.

Викторија Миткова

КАТЕГОРИИ
Споделете ja веста