По 12 дена борба за живот, почина девојчето кое беше рането во училиштето во Белград

Девојчето А.А кое беше тешко повредено во масакрот во основното училиште „Владислав Рибникар“ во  Белград, почина по 12 дена борба за живот.

Таа е 10-та жртва на масакрот што го изврши тринаесетгодишно момче на 3 мај во ова училиште, а уби девет ученици и чувар. Девојчето починало во болница, а имало тешки повреди на главата, но и покрај натчовечките напори на лекарите, ученичката им подлегна на повредите, се вели во соопштението од српското Минстерство за здравство.

КАТЕГОРИИ
Споделете ja веста