По протестот на архиелозите, пратениците ги повлекоа измените на законот за заштита на културно наследство

Под притисок на стручната јавност и опозицијата, предлог измените на законот за заштита на културно наследство беше повлечен од Собранието. Непосредно пред седницата, Архелозите на протест пред законодавниот дом, на пратенициите од власта им порачаа дека се вандали на 21-от век. Аларамираа дека уништувањето на македонската историја и архиолошките наоѓалишта ќе стане легално. Апелите ги слушна пратеничката група на ВМРО-ДПМНЕ која најави дека нема да гласа за дневниот ред и ќе ја напуштат седницата, по што предлагачите од власта се повлекоа.

Археолозите се спротиставија на предлог измените на законот за заштита на културното наследство, во кој беше предвидено дека при изградбата на автопатите ако се пронајде археолошки локалитет, треба да се информира само надзорен инженер, наместо археолизите.

  • „Не смеете да дозволите надзорен инженер кој нема никаки познавање, грам образование, искуство, а уште помалку надлежност да решава што е културно наследство. Или тоа е целта на измената, да се прикрие, заташака и уништи културно наследство, за да не се соочи со потешкотии реализицијата на проектот, поради обврските кои настануваат на изведувачите, при наоѓање на археолошко наоѓалиште и на предмети од археолошко значење.“ – Изјави Орданче Петров од Македонското археолошко друштво.

Археолошките локалитети не се пречки на патот, порачаа на протестот и додадоа дека уништувањето на археолошките наоѓалишта ќе се озакони под оправдание дека станува збор за јавен интерес, додека во позадина се крие профитерска зделка од огромни размери.

  • „Предлог законот е спротивен на уставот и на начелата за заштита на културното наследство. Исто така, овој предлог закон е спротивен на сите меѓународни конвенции за заштита на културното наследство, а особено на ревидираната европска конвенција за архелошко наследство, на Советот за Европа, со која, меѓу другото се регулира и цитирам: „Задолжително известување на надлежните органи за случајните наоди на археолошко наследство и создавање услови за нивно понатамошно проучување“. Нагласуваме, дека ратификуваните меѓународни конвенции имаат сила на закон во нашиот правен систем.“ – Изјави Христина Бицева, претседателка на ИКОМОС Македонија.

Измените на законот ги предложи ДУИ, во Собранието имаше обид да се истурка по брза постапка, а од комисијата за спречување корупција упатија предупредување дека законското решение ќе создаде висок ризик за корупција. Инаку, за „Бектел и Енка“ и изградбата на коридорите се менуваат дузина закони, односно законот за земјоделско земјиште, за експропријација, за заштита на културно наследство, работни односи, за шуми, како и законот за градење.

Никола Цветкоски

КАТЕГОРИИ
Споделете ja веста