По една година пауза, одгледувачите на свињи во државата ќе може да ги отворат своите фарми

По една година пауза, одгледувачите на свињи во државата ќе може да ги отворат своите фарми. Агенцијата за храна и ветеринарство даде  зелено светло за репопулација, откако утврди дека состојбата со свинската чума е стабилна. Единствено, забрана за одгледување се уште има во две населени места во кумановско.

  • „Пред да ги отворат фармите, одгледувачите треба да воведеат одредени  стандарди  за подигање на нивото на биосигурносни мерки. Ќе се врши категоризиција според која фармите ќе бидат со среден или низок ризик„ информират од Агенцијата за храна и ветеринарство.

Услови има и за малите одгледувачи кои одгледуваат свињи за своја употреба. Задолжително поставување на дисбариери, оградување, како и дезинфекција и дезинсекција на објектите од страна на стручни лица. 

  • Сите што сакат да купат , тоа мора да го направат од соодветни фарми со низок или среден ризик. Не смеат да купуват од нерегистрирани фарми. Треба да имат и соодветен сертификат и во рок од 24 часа да го пријават во  надлежната Ветеринарна станица„ вели Гоце Серафимов, потпреседател на асоцијација на земјоделци

 Африканска свинска чума се појави лани во делчевско, а потоа ги зафати и фармите во кочанско, виничко и карбинско. Поради уништување и на здравите свињи одгледувачите од Малешевскиот регион организираа и протести. Се претпоставува дека поради пандемијата уништени се над 3.500 свињи во целата држава. 

Александра Ристевска

КАТЕГОРИИ
Споделете ja веста