По бурата крити Владата најавува ревидирање на коефициентите

По бумот од реакции во јавноста, Владата се преиспитува и размислува за намалување на коефициентот за пресметка на плата кај функционерите.  Од Владата за Алфа, велат дека Одлуката на Уставниот суд со која се укинуваат одредби од Законот за плата е конечна и треба да се почитува, ама тоа не значело дека автоматски ќе се зголемат платите на сите именувани лица за 78%. Ги разгледувале можностите да го намалат коефициентот.

Иако основицата за пресметување плата согласно одлуката на Уставниот суд се зголемува, Владата конкретно ги разгледува можностите за намалување на коефициентите за пресметка на плата кај именуваните лица за кои има законска можност, а со цел да не се оптовари буџетот. Апелираме и до останатите чинители да го направат истото, во рамките на своите законски овластувања, велат од Владата

Власта бара начин да го амортизира незадоволството откако и дел од функционерите јаввно предупредија дека се против ваквото решение. Прв реагираше претседателот Стево Пендаровски  кој Одлуката ја нарече невкусна и повика да се најде законско решение за намалување на бодот.

– Сметам дека е невкусно во време на економска криза да се покачуваат платите кои се исплаќаат од државниот буџет, изјави за МИА претседателот Пендаровски.

Одлуката во текот на денот ја коментираа Владините министри. Денеска повикуваат да се коригираат коефициентите поради економската криза, а граѓаните да биле приоритет.

Владата размислува да ги коригира коефициентите за пресметување на плати, се до цел тоа зголемување да не биде толку големо колку што би требало да биде според одлуката на Уставниот суд, затоа што сме свесни за предизвиците со кои се соочуваме како држава , рече Министерката за одбрана Славјанка Петровска

Да, треба, затоа што се скандалозно мали, меѓутоа, треба да бидат последни на листата откако на сите ќе им се зголемат тогаш на политичарите. Тоа од етички, од практичен аспект е демагогија, секој што ќе каже дека не му е важна платата во овие тешки времиња за сите граѓани, изјави Бујар Османи , министер за надворешни работи.

Реагираа и дел од градоначалниците. Прв се огласи градоначалникот на Општина Аеродром Тимчо Муцунски изјави дека одлуката ќе ја почитува затоа што е донесена од највисокиот орган, но разликата во платата ќе ја донира во хуманитарни цели , на семејствата со ниски примања и на семејствата на уставобранителите. Тој ги  повика и останатите функционери да го направат истотото. Неговиот колега од Општина Центар пак Горан Герасимовски не сака да коментира судска одлука, но порача дека потреба од зголемување на плати имале сите сектори.

Се согласувам со Министерот Османи, треба да се зголемат платите на сите граѓани. Ќе ја разгледаме одлуката на Судот. Јас лично како градоначалник континуирано донираме за социјално загрозени семејства, така што доколку има покачување, поголем дел од покачувањето ќе го дадеме за социјално загрозените семејста во општината, вели Горан Герасимовски Градоначалник на Општина Центар.

Со законската одредба која ја укина Уставниот суд платите на функционерите и судиите ќе се зголемат и до 78 отсо.  Според актуелниот Закон коефициентот со кој се множи просечната бруто плата изнесува од 2,20 до 4,50 или пресметата покажува дека Претседателот, Премиерот и Спикерот би заработувале месечно околу 2 илјади евра.

Кристина Алексиеска

КАТЕГОРИИ
Споделете ja веста