Почнува расправата за законите за коридорите во Собранието

Петте закони за „ Бехтел и Енка“ со европко знаменце го поминаа првиот собраниски филтер. Владејачкото мнозинство очигледно не е многу загрижено за јасната забелешка од европската унија дека европското знаменце не е оправдано и нема врска со реформската агенда па ги протурка законските измени во прво читање .   Тоа што седницата се закажа експресно за само два дена откако дојдоа во Собрание од Влада е кршење на деловникот, порачаа од ВМРО – ДПМНЕ кои ја напуштија седницата .  Првиот човек на Собранието се правдаше дека се било согласно Закон и станувало збор за итна постапка . 

Ова значи дека сега ќе имаме опструирана дебата како и ограничена амандманска расправа по овие закони. Ова е предвидено со членот 135 од Деловникот при што треба да се наведат податоци за изворниот акт на ЕУ со полн назив, како и изјава за усогласеност. Потпис на надлежниот министер, како и јасно наведување на правниот акт на кој се однесува извршеното усогласување. Тоа го немаме. Празни се коресподентните табели. Ништо од ова не постои во содржината на законите и токму поради овие неправилности требало овие закони да бидат вратени на владина седница, а не да продолжат со продолжена процедура по истите“, порача Мицевски .

Додека во Собранието власта си ја брка работата, Европска Унија повторно не предупреди. Евроамбасадорот Дејвид Гир  изрази загриженост дека во овие закони нема усогласување со стандардите на Европска Унија.

Владините министри ни за ова не се многу загрижени . Дојдоа на седницата за да си ги оправдаат предлозите, но не кажаа ништо ново освен дека ова се прави за да се забрза изградбата на коридорите кои биле од суштинско значење . На седницата  се појави и координаторот на проектот Артан Груби кој пак не му беа многу интересни забелешките од опозицијата, па си муабетеше со партиските колеги .

Целта на измената и дополнувањето на законот е да се овозможи забрзана реализација на а градби од стратешки интерес за изградба на државни патишта, железнички пруги, магистрални гасоводи како и други градби од јавен интерес кои се реализираат како стратешки инвестициоини проекти или проекти од стратешко национално значење утврдени со закон преку поедноставување на процедурите“, порача Благој Бочварски.

„За“ овие закони беа воглавно 62 пратеника,  грб свртеја и дел од помалите коалициони партнери. Маја Морачанин од ДОМ порача дека овие измени предизвикуваат нееднаквост пред законот.  Следно законите треба да го поминат комискиот филтер , а потоа повторно да се вратат на пленарна седница на усвојување  

Кристина Алексиеска

КАТЕГОРИИ
Споделете ja веста