После него потоп, барем според него: Димитров како да заборави на своите потези од минатото, сега реши да ги брани македонските интереси

После Никола Димитров потоп, барем според Никола Димитров. Македонија имала погрешна надворешна политика во однос на спорот со Бугарија, вели поранешниот министер за надворешни работи и вицепремиер за европски, но тоа било така само последниве шест месеци, пред тоа работите биле подобри. Во моментот кога тој заминал од позиција, работите станале многу полоши, барем според ако можеме да веруваме на неговите зборови.

Сепак, факт е дека Димитров беше оној кој беше во преговарачкиот тим за договорот со Бугарија, но и оној кој го потпиша Преспанскиот договор, кој уште повеќе ги зголеми апетите на Бугарија, кои сега станаа проблем за евроинтеграциите на Македонија.

-Мора да отвориме дебата како паднавме за шест месеци, од овде до овде. Како дојдовме до вакво ветување за Уставот веднаш на почетокот и од Влада, не од двотретинско Собрание. Како дојдовме до тоа да влезе и ни помалку ни повеќе во кластерот фудбаменти оваа тема и како дојдовме до тоа да се надеваме дека сега бугарскиот Парламент ќе го спаси процесот на проширување, изјави Димитров.

Македонија многу подолго од шест месеци ги знае бугарските позиции и барања, а токму Никола Димитров беше оној кој што преговараше со официјална Софија, но тогаш беше многу потивок од сега. Го прашавме зошто овие ставови не ги кажувал додека беше на позиција, па реши да не нападне, дека дури 30 пати зборувал негативно за преговорите со Бугарија, дури и ни понуди да ни прател материјали, кои ние ќе како медиум ќе ги почекаме.

-(Ние ги знаеме барањата на Бугарија веќе подолго време, тоа не се од пред месец-два, вие бевте на позиција, на власт до пред половина година кога преговаравте со Бугарија, зошто овие работи не ги говоревте претходно ги говоревте сега?) Ги говорев, можам да ви пратам листа од 30 интервјуа и малку ја вртите темата, темата не сум јас, темата е исклучително поважна за нацијата во моментов. Инаку, ако сакате со мене да се бавиме, ќе ви пратам 30 интервјуа и мојата работа се гледа во предлозите што доаѓаа, изјави Димитров.

Францускиот предлог во моментов е во бугарскиот Парламент, кој треба да одлучи за негово прифаќање или одбивање. Но, според пораките од официјална Софија, постојат шанси да биде прифатен, бидејќи речиси сите изразуваат задоволство од него. За разлика од бугарските, македонските власти се уште молчат, ќе чекале прво да се изјаснеле 27-те земји членки на Европската унија.

Матеја Петровски

КАТЕГОРИИ
Споделете ja веста