Политиката не ја слуша науката. Охридското Езеро повторно оди под концесија

И покрај апелите на природонаучниците и спортските риболовци Охридското Езеро да не се издава под концесија најмалку 10 години, без да се спроведат детални истражувања кои ќе покажат во каква состојба е рибниот фонд, државата која 4 години го остави Охридско без стопан, повторно го издава под концесија за стопански риболов. Според наведеното во јавниот повик, за надоместок од најмалку 9 милиони 450.000 ден, езерото се издава под концесија за период од 6 години,без да се причека донесувањето на новиот Закон за рибарство кој е во изработка.

И што се случува сега, наместо да се почека и на овие концесионери да им се продолжи рокот,пред излегување на законот и новите риболовни основи се издава под концесија. Риболовните ослови под кои што се издава сега под концесија завршуваат на 31.12. 2022-ра, значи завршени се ! А сега концесионерот што ќе добие по кои услови ќе врши стопанисување? – Вели Димче Мајковски – З.Р.Р „ Св. Апостол Петар “ .

Никој не се грижи за зачување на рибниот фонд,велат спортските риболовци.Актуелната законска регулатива која го дефинира работењето на концесионерите е жив грабеж. 

Концесионерот има право да фрла повеќе од 30 км мрежи само за еден вид риба што би значело да го прегради езерото од Струга до Свети Наум.Така да ова ни личи нас ако се додели концесија за стопански риболов да му се дозволува на волкот да го штити трлото, вели Радован Димитриески од С.Р.Д „ Свети Апостол Павле “ .

Ниту концесионирањето ниту забарана заизловување која своевремно ја воведе Македонија,не покажаа резултати велат природоначуниците.Конците ги испуштија од раце двете соседни држави кои го делат Охридско.И во една ваква ситуација, дневно на црно се ловат од 500 до 1 тон риба,а порано имаше ред-велат спортските риболовци.

Тогаш си имаше спортско риболовно друштво, си вадевме дозволи и во недела си одевме на риби.Беше дозволено да фатиш 3 парчиња, ако е помало парчето од 300-400 гр да го пуштиш, поголемите ги задржувавме и фаќавме. Сега нема, сега риба ловат Албанија, рибата што ја јадеме овде ја носат од Албанија кој на црно,легално не верувам тие таму не вадат ни дозволи ни ништо, вели Наум Секулоски рибар.

Тоа се случува константно дел преку копно,дел преку вода,дел преку дивите премини  меѓу Ќафасан и Радожда, рече Димче Мајковски – З.Р.Р ”Св.Апостол Петар”.

Доколку не се промени целосно од корен законската регулатива,никогаш не ќе успееме да го заштитиме рибниот фонд на Охридското езеро-велат природонаучниците.

Новинар Росица Голабоска

Снимател,монтажа Златко Маневски

КАТЕГОРИИ
Споделете ja веста