Политиката не им ги кине главите на нарачателите во мафијашките прескметки

Политичко влијание врз полициските структури е причината зошто полицијата не ги открива сторителите во мафијашките пресметки и начараните ликвидации, а расчистува убиства само кога сторителот е познат и најчесто сам се пријавува. Секторите во МВР меѓусебно разменуваат информации од организиран криминал и крвни деликти, но воопшто не дејствуваат на терен иако знаат кого треба да гонат, вели поранешниот началник на МВР Ѓурчевски, кој деновие е изненаден од  статистиката на МВР која покажува наоводно, одлични резултати во расветлувањето на убиствата во последниве години.

„ Мора да имаме предвид освен слабостите кои го следат ова Министерство мора да го имаме во предвид и политичкото влијание односно врвот на политиката со овие криминални групи“, вели Љубомир Ѓурчеввски, поранешен началник на МВР

Врвот на политички партии и наркоклановите во земјава имаат меѓусебна соработка и заеднички интереси. За избори се користат услугите на членовите на криминалното подземје, а властите пак замижуваат пред нарачаните убиствата и нивнотo расчистување, тврди Ѓурчевски.

„Обезбедувањето на нивна неказнивост односно заштита на криминалните групи затоа што пак тие иститње им вршат валкани работи ан политичките партии особено пред избори зад избори“, вели поранешниот началник Љубомир Ѓурчевски.

И покрај фактите кои говорат за несправувањето на полицијата со главите на мафиите, министерот Оливер Спасивски смета дека постојат доволно факти што ќе ги замолчат и боговите во неговата борба со расчистувањето на криминалот. Покрај неговата вчерашна објава,  МВР поседува статистика според која само 10 % од убиствата не се решени. Според состојбата на терен, билтенот на МВР секојдневно се полни со убиства случени како резултат на семејно насилство, или, пак нарушени соседски односи поради различни причини, па оттука инспекторите од крвни деликти го знаат убиецот веднаш по убиството.

Јетон Кривањева викан Жила, Енес Исеини, браќата Камен и Јонус Идризи, двете лица во Топанско поле кои беа изрешетани од калашников, Најим Ајети, кој пукаше на Партизанска пред 4 години, се неоткриените убиства за кои јавно се зборва дека се дел од криминалното подземје, а МВР нема никакво напредок во трагањето по нарачателите.

Паула Костадиноска

КАТЕГОРИИ
Споделете ja веста