Пожарите во кочанско се под контрола, пожарникарите се уште се на терен

По синоќешниот пожар кочанските пожарникари и денеска се на терен. Со две противпожарни возила се чува Пречистителната станица кај село Мојанци. Стравуваат повторно да не се повтори сликата од вчера. Силниот ветер не им оди во прилог.
Изјава-Драган Апостолов-командир на ТППЕ-Кочани
„Состојбата и денес е алармантна. Кај село Горни Подлог има зафатено дел од фурна, нашите екипи се уше се на терен„-изјави ДРаган Апостолов, командирот на ТППЕ-Кочани.

Синоќешниот пожар поплоса над 30хектари во близина на индустриската зона во Кочани, изгорена е механизација и помошен објект. Страв и паника да не се повтори црното сценарио од пред две години, ваква слика позади себе остави пожарот кој вчера беснееше во Кочанско поле. Најкритично беше кај селата Мојанци,Горни Подлог и Грдовци. Пламените јазици што се издигаа и по неколку метри, со оглед на тоа што гореше слама и трска , постоеше опасност да зафтат земјоделски пластеници,но и објекти во кои се произведува стиропор. Поради силниот ветер огнот стигна и до последните куќи во селата.

Анкета: „Матрејална штета има колку сакате. Ќе беше лошо ако ова изгореше. Со комшијата гасевме, огнот ни стигна до вратата. Ова е страшна работа! Совеста никако да проработи! Со стресови сме! Секоја година е вака, не знаме како да се справиме. Палат, не бираат време „ се жали дел од месното населениеч.

Апел за да не се палат стрништата упати и градоначлникот на Кочани, а синоќешната огнена стихија на нозе ги крена и еко активистите од градот кои бараат итно решение, во спротивно како што велат целиот кочански регион е изложен на огромен ризик.

„Мислам дека е време институциите како општински, така и државни ова да го стават како една тема која трајно ќе го реши овој проблем за повторно да не доаѓаме во иста ситуација. Бидејќи доколку зборуваме само за репресивни мерки,односно казни, а не даваме решение зе замјоделците тоа не е корентно и нема да го реши проблемот. Напротив пак ќе ја имаме истата состојба како што ја имавме вчера, а најверојатно ќе ја имаме и наредните денови„ изјави Зоки Тодоров, еко-активист од Кочани.

Палењето на стрништата и сламата по завршената жетва на оризот во овој период од годината е вообичаена практика кај кочанските земјоделци. Палењето најчесто се случува во доцните попладневни и вечерни часови, што во најголем дел ја отежнуваат борбата на пожарникарите со пламените јазици.

Александра Ристевска

КАТЕГОРИИ
Споделете ja веста