Поевтини прехрамбени производи има, ама ги гледа само премиерот, граѓаните се жалат

Цените на основните прехранбени производи се намалени до 10 проценти и тоа може да се види насекаде. Ваква изјава даде Премиерот кој или не излегол да пазари, или дава само паушални изјави. Камерата на Алфа ги обиколи поголемите маркети. Ниту ние, ниту граѓаните не забележваме пониски цени за 10 проценти на лебот, млекото или јајцата. намалување на некои прозводи има ама за денар или два.

Поевтинувањето на прехрамбените производи за 10% во маркетите, очигледно го гледа само Премиерот. Димитар Ковачевски вчера се пофали дека имало намалување на цените, ама во поголемите супермаркети не го забележавме тоа. Цената на трајното млеко во ноевмри беше 84 денари, и денеска таа е непроменета. Обичниот бел леб ако тогаш чинеше 49 денари и по еден месец цената е иста. Литар масло и натаму е 115 денари. Нема поевтинување ниту кај млечните производи, односно кај сирењето и кашкавалот. Ова се потврдува и од снимките што ги направивме пред три месеци и денеска.

Stand up: Иако Владата се пофали дека имало поевтинување, тоа на терен сепак нее баш така, реагираат граѓаните, во надеж дека тоа ќе се случи наредниот период за колку толку да почувствуваат подобрување на живеачката.

Граѓаните се жалат дека било крајно некоректно Владата да се фали со нешто, што сите знаат дека не е така, и бараат од институциите да покажат сериозност.

  • Јас лично не забележувам поевтинување на артиклите. Барем ние што цело време пазариме. Нема никакво поевтинување на производите. Исто е се како до сега. Може да има на млекото еден денар, ама еден денар, па срамота, мислам дека ова нее фер да си играат со нас. Нема ништо од поевтинувањето што го најавија, реагираат граѓани пред камерата на Алфа.

Иако добија поевтина струја, намалување немаше ниту кај месото. Од месната индустрија рекоа дека не треба да се очекуваат поголеми поевтинувања на производите од сегашните, зашто нивните месни преработки во просек поевтиниле за 8%. Трошоците за суровини и работна рака биле превисоки, па натамошни намалувања на цените засега не биле можни.

Во изминатиот период властите неколкупати најавија дека цените ќе се намалат и граѓаните ќе се растеретат од високи трошоци, поради субвенционираната струја.

Храната за една година поскапела за над 20%. Лебот се продава за 40% поскапо, исто како и млекото, сирењето и јајцата, додека месото поскапело за 28, а маслото за јадење за 23%.

Цените во меѓувреме паднаа, но минимално, за еден до два денари, односно незначително. Иако очекувањата на власта беа дека измината година ќе ја завршиме со 12,9% инфлација, пресметките на Статистика го покажаа спротивното. Па така, Македонија 2022 ја заврши со висока стапка на инфлација од 14,2%.

Борис Грујоски

КАТЕГОРИИ
Споделете ja веста