Подобро подоцна, отколку никогаш – Бочварски после два дена од невремето го посети Делчево

Допрва ќе се утврдува  колкави се штетите што  Делчево ги претрпе по невремето кое го зафати градот. Уништена патна инфраструктура, поплавени се домови, инстутуции, возила, а од вчера поради пропаѓање на патот кај месноста Црквенска река, магистралниот пат Кочани-Делчево е затворен. Големата дупка која се појави, е причина за сообраќајот се пренасочува преку Виница.

  „Се работи веќе на санација на оштетувањата на патот, што се настани како последица на надојдената вода. Патот денеска ќе биде саниран и по завршување на целосната работа, најверојатно понеделник-вторник ќе биде пуштен за употреба„ изјави Костадин Ацевски, директор на ЈП„Македонија пат„

 Градот прогласи  природна непогода од поплави и град. Поплавени се околу шеесетина домови,подруми и институции, автомобили, земјоделски површини. Сега помошта на делчевчани им е повеќе од потребна.

  „Потребна е помош, не само за нас, туку и за сите други кои имаат штети од невремето. Голем дел од возилата кои беа поплавени  се неупотребливи, моторите им се полни со вода. Катастрофа беше„ велат анкетираните делчевчани.

 ЗЕЛС ги повика општините да се солидаризираат  и донирајќи финансиски средства да покажат  висок чин на хуманост. По два дена од невремето, денеска во Делчево пристигнаа  министрите Бочварски и Шукова. Заедно со нив беше и деканот на Градежниот факултет кој алармираше дека вакви непогоди ќе има се почесто треба да бидеме подготвени

  „Сега останува да го добиеме извештајот од Комисијата и на следната Седница на Влада да донесеме одлука за целосна поддржка и санација на сите точки во Општина Делчево„ изјави министерот за транспорт и врски, Благој Бочварски

 „Со оглед на климатските промени од она што го гледаме кај нас и  во соседството мора да бидеме свесни дека вакви работи ќе имаа се почесто и затоа и технички ќе мора да се подготвуваме „ изјави деканот на Градежен факултет, Горан Марковски

 Веќе е формирана Комисија за проценка на штети,  а од понеделник граѓаните ќе може да пријавуваат. 

Александра Ристевска

КАТЕГОРИИ
Споделете ja веста