Подготвени општинските нацрт буџети: Повеќе општини со помалку средства влегуваат во новата година

Готови се нацрт општинските буџети. До советниците градоначалниците веќе ги доставија годишните планови на приходи и расходи за наредните дванаесет месеци. Во некој општини советниците веќе дадоа зелено светло, а останатите ќе одлучуваат деновиве.

За наредната година Свети Николе и Виница на располагање ќе имат помалку средства за разлика од тековната година. Буџетот на Свети Николе е намален за десетина, а на Виница за околу шест до седум милиони денари, но ова не е пречка зацртаните проекти се реализират, коментираат градоначалниците.

– „Без дотации буџетот ќе ни биде околу 151милион денари. Претпоставувавм дека и добар дел и тоа што по самиот попис населението во Свети Николе е намалено од 19.000 на 15.000жители и разни други да не кажам кочници од централната власт„-изјави градоначалникот на Свети Николе, Дејан Владев.

„Ние аплицираме и до домашни и меѓународни фондови за да обезбедиме дополнителни средства за да може да реализираме капитални проекти„-изјави Миле Петров, градоначалник на Виница.

Зголемување на оштинските буџети за наредната година се планирани во Кочани и Штип. За градоначаликот Иван Јорданов ова ќе значи реализација и на повеќе проекти со кои ќе се решат суштински проблеми во градот. Позитивниот тренд се должи и на редовната наплата на данок на имот и на останатите комунални такси кои ги плаќаат правните и физички лица.

„Имавме една појава во изминатите неколку години во нашата општина кадешто обврзниците на данок на имот и сите други форми на комунални такси не биле информирани дека треба да си ја завршат својата граѓанска обврска , немале уредна достава. И по основ само на ова во годините наназад не се реализирал во целост буџетот на Штип.Само со тоа што направивме уредна достава оваа година дојде до покачување на основниот буџет„-кажа градоначалникот на Штип, Иван Јорданов.

За правилно се искористат буџетските пари, градоначалниците од ВМРО-ДПМНЕ во рамки на кампањата „Твојата идеја за промени„ организираа и отворени денови за граѓаните кажат што им недостасува во нивниот град. И во 21век водовод, канализација и асфалт се нивните главни приоритети.

Александра Ристевска

КАТЕГОРИИ
Споделете ja веста