Погрешна политика на власта: Владата и пукаше на Македонија во нога, Ковачевски мораше да оди на гробот на Гоце Делчев

Македонија сама си пукаше во ногата, вака аналитичарот Агим Јонуз го коментира потегот на премиерот Димитар Ковачевски да не се појави на гробот на Гоце Делчев на четврти мај. За Алфа тој вели дека секој македонски политичар мора да ги застапува македонските позиции, а тоа дека Делчев е наш и на секој начин да се покажува тоа.

-Македонија по многу елементи самата себеси си пука во нозе, меѓутоа вакви моменти, вакви елементи се клучни бидејќи затоа што идентитетот од еден друг аспект, од аспект на промоција, од аспект на утврдување и од аспект на покажување на дигнитет на еден народ кој има свои херои, кој има своја традиција, култура, историја е токму ова и затоа треба да го браниш ова. Премиерот на Република Македонија мора да покаже доследност и мора да стои секогаш и мора да стои секогаш позади она што го декларираме како официјална политика, изјави Јонуз за Алфа.

Наместо тоа македонскиот премиер, слично како и неговиот претходник Зоран Заев не се појави во црквата Свети Спас. Јонуз вели не станува збор за Ковачевски, туку станува збор за премиерот, кој морал да се појави на гробот на Делчев.

-Не се работи за Ковачевски како Ковачевски, се работи за премиер. Несериозно е во време кога една од клучните точки е Гоце Делчев да не се искаже дека тој е наш. Чим нема оддавање почит дали тоа значи ретерирање од целата работа и народски кажано сеедно ми е, не може да ти биде сеедно, премиер си. Ако си веќе премиер тогаш има сите елементи на државноста да ги браниш, вклучувајќи го и ова, па макар не те интересирало макар било протоколарно, изјави Јонуз.

Додека спорот за Делчев еден од најважните, а на гробот на Македонија не се појави ниту едно од највисоките владини функционери, бугарскиот претседател Румен Радев во Софија организираше специјална конференција. А таму искористи шанса да каже дека Македонија мора да го искористи како што тој го нарече воинствениот македонизам, ако сакаме во Европската унија.

-Се соочуваме со важни одлуки и тешка дилема – што е можно побрзо да започнат преговори, во истовреме кога има јасна бариера со воинствениот Македонизам. Нашите интереси треба да се вкрстат и да бараме компромиси. Но кога зборуваме за компромиси – не можам да направам такви со правата на македонските Бугари. Нивните права мора да бидат вградени во уставот за да бидат интегрирани целосно во општествениот и економскиот живот на нашиот сосед, а за тоа треба да се стави крај на процесите на дебугаризација, изјави Радев.

За волја на вистината, ниту Ковачевски не го заборави Гоце Делчев, му посвети триесетина секунди. Во видео објавено на официјалниот јутјуб канал на Владата, насловено со инвестиции како браната „Конско“ обезбедуваме одржливо и конкурентно земјоделство, порача дека Делче се борел за држава, која била направена членка на НАТО.

-Гоце Делчев се бореше и поколенијата после него за независна македонска држава, која што држава ќе биде просперитетна, држава која што ќе биде економски развиена, држава која што ја направивме членка на НАТО, изјави Ковачевски.

Во моментите кога Македонија самата си нарушува своите позиции кога Делчев е во прашање, се наоѓаме пред нова европска блокада од источниот сосед, кој бара Бугарите да влезат во Уставот на Македонија како уставотворен народ.

Матеја Петровски

КАТЕГОРИИ
Споделете ja веста