Повторно одложено рочиштето за пожарот во модуларната болница во Тетово

Денешното судско рочиште за пожарот во модуларната болница во Тетово на кое требаше да се прочитаат завршните зборови, се одложи за 29 мај.

Причина е што адвокатот на второобвинетиот Артан Етеми не беше присутен на рочиштето. Како што посочи Етеми, кој се товари за кривично дело – тешки дела против општата сигурност, неговиот адвокат поради здравствени причини не можел денеска да присуствува на закажаниот процес. Судијата Јордан Велов кој го води предметот, побара да биде доставена здравствена белешка и посочи дека на 29 мај завршните зборови ќе бидат секако прочитани, независно дали одбраната на второобвинетиот ќе биде или нема да биде на рочиштето.


И минатиот месец беше одложено читањето на завршните зборови за случајот модуларна болница оти првообвинетиот Флорим Бесими, поранешен директор на Клиничката болница, кој исто така се товари кривично дело – тешки дела против општата сигурност на дојде на рочиштето. Неговата одбрана побара одложување на судскиот процес оти нивниот клиент бил болен, имал висока температура и треска. Утринава пред да започне судењето пред Основниот суд во Тетово, тетовци одржаа мирен собир за поддршка на третообвинетиот доктор Бобан Вучевски.

КАТЕГОРИИ
Споделете ja веста