Повредена ученичка од паднат таван во битолско средно училиште, градоначалникот бара одговорност

Една ученичка од битолското средно медицинско училиште „д-р Јован Калаузи“ вчера била повредена откако во еден од училишните тоалети паднал таванот. Ученичката е полесно повредена, а градоначалникот на Битола на официјалната фејсбук страница на општината најави дека ќе бара одговорност од Наташа Илиева, директорката на училиштето.

Градоначалникот Тони Коњановски формира општинска комисија со која извршиле увид во училиштето за да се констатира на состојбата. Илиева информирала дека тоалетите пред неколку години биле реконструирани со донација, а последниве денови биле воочени проблеми на горниот кат, проследени со извесно прокапување.

Во соопштението на општината се вели дека Коњановски го контактирал и семејството на повредената ученичка и бил информиран дека таа е исплашена и е во битолската болница на испитувања поради болки во раката.

КАТЕГОРИИ
Споделете ja веста