Повлекувањето од Авганистан се уште ги конфронтира републиканците и демократите

Повеќе од една и пол година од повлекувањето на САД од Авганистан, во новиот извештај на администрацијата на Бајден стои дека одлуките донесени од поранешниот претседател Доналд Трамп допринеле за неуспех.

  • „Последната администрација се обврза не само да ги повлече сите американски војници, туку и да ослободи илјадници борци од затвор, како и распоред што го наследи администрацијата на Бајден. Претседателот направи се што можеше да се направи“, вели демократот Дејвид Сицилин.

Но, републиканците велат дека сепак на крајот одговорноста е на претседателот Џо Бајден. Претставникот Крис Смит изјави за Гласот на Америка дека е фрустриран од недостатокот на одговорност.

  • „Не можам да поверувам дека администрацијата на Трамп не ги исполнила обврските. Тој имаше ставено услов кога и дали нашите војници ќе го напуштат Авганистан, и тоа е клучот, тоа е основата на сето тоа, дека има условеност. Бајден немаше услови, однапред најави дека сака фото операција како таа на 11 септември“, вели републиканецот Крис Смит.

И претседателот на Комитетот за надворешни работи на Претставничкиот дом, Мајкл Мекол, изјави за Гласот на Америка дека администрацијата на Бајден и натаму има комуникација на несогласување со американската амбасада во Кабул.

  • „Конгресот има право да ја знае содржината, и тоа е сè што побаравме од секретарот, па, можете да ги редактирате имињата, ние ќе ги разгледаме во класифицирани услови. Сакам од прва рака да ја знам содржината. Не сакам да се филтрира низ вашите луѓе“, рече Мајкл Мекол, претседател на Комитетот за надворешни работи.

Владините истражители им рекоа на американските законодавци оваа недела дека вината може да ја најдат и во двете администрации – од влијанието на договорот од Доха од 2020 година што го преговараше Трамп.

  • „Овие политички одлуки драматично го деградираа моралот на авганистанските безбедносни сили и ја надополнија целосната зависност на авганистанската војска од американската борбена и изведувачка поддршка, што ја остави авганистанската војска неспособна да ги одржи операциите“, рече Џон Сопко, специјален генерален инспектор за реконструкција на Авганистан.

Имаше и конфузија кај администрацијата на Бајден за можностите на авганистанските сили….

  • „Не знам кој и кажува на администрацијата дека до крајот имало 300.000 авганистански војници и полицајци. Никој со кого разговаравме никогаш не рече дека тој број е точен. Имавме извештаи дека половина од тие луѓе веројатно и не постоеле“, додава Сопко.

Но и планирањето на Стејт департментот за евакуација …

  • „Откривме дека раководството на амбасадата, спроведувајќи ја позицијата заземена во тоа време од страна на администрацијата, работеше под разбирање дека дипломатските операции ќе продолжат во Авганистан по повлекувањето на војската и не сакаа да се вклучат во отворено планирање за евакуација врз основа на загриженоста дека може да предизвика паника и поткопувањето на поддршката за авганистанската влада“, вели Дијана Шо, в.д. генерална инспекторка.

МекКол рече дека Конгресот ќе продолжи да го истражува самоубиствениот бомбашки напад на аеродромот во Кабул на 26 август 2021 година.

Во тој напад загинаа 13 американски војници и 170 авганистански цивили.

Јованчо Наумоски, Глас на Америка – Вашингтон

КАТЕГОРИИ
Споделете ja веста