Повеќе од ИТ шефови во Фондот и 3 милиони евра не го заштитија системот од хакерски напад

3 милиони евра за тендери за информатички услуги дадени во последниве години и 14 ИТ лица на раководни позиции не беа доволни Фондот за Здравство да се одбрани од хакерите за кои се уште не знаеме дали им било платено за отклучувањето на податоците.

За една деценија Фондот преку 14 тендери потрошил милиони за издградба и одржување на системот, а воедно болниот директор на Секторот за информатика под себе има 13 раководители. На ИТ директорот му одговараат четворица шефови кои водат одделенија: за хардвер и системски софтвер, електронски здравствени картички, проектирање, програмирање, аналитика, дијагностичко сродни групи и трезор како и офицер одговорен за сигурност на информациониот систем, покажува систематизацијата на Фондот, објавена на сајтот. Овие пак раководители им шефуваат уште на најмалку 10 информатичари.

Гаранција за безбедноста на податоците во системот нема, а според поранешниот директор на Фондот за Здравсто, Ѓорги Тренковски системот располага со доверливи информации на граѓаните, за кои секако некој сигорно треба да понесе одгворност. Според него за челници на вакви битни институции треба да се постават квалитетни лица кои знаат како да раководат и да не потфрлат во ниту еден сегмент на работењето.

„Апсолутно несериозно е овој систем д аима хакерски напади, апсолутно се согласувам дека одговорноста е ај луѓето на челните позиции, така е кај нас, така е секаде во светот“, вели за Алфа, Ѓорги Тренковски поранешен директор на ФЗОМ.

Иако Фондот располага со стручен кадар, последниве две недели ИТ тимови од странство работеле на враќање на системот, за кои јавноста остана покуса за тоа колку наплатиле од џебот на граѓаните бидејќи директорката Магдалена Филиповска Грашкоска смета дека тоа е доверлива информација, а другиот директор Фатон Ахмети е на службен пат во Америка. Истрагата треба да покаже дали хакерите го дале клучот за пари и колку тоа чини како и тоа кој е главниот виновник за сајбер криминалот.

Паула Костадиноска

КАТЕГОРИИ
Споделете ja веста