Платформата за родова еднаквост бара на гинекологот Асани да му се одземе лекарската лиценца

На струшкиот гинеколог Мухамед Асани да му се одземе лиденцата за работа и да му се забрани вршење на лекарска дејност-бараат од Платформата за родова еднаквост, незадоволни од пресудата и условната казна од 2 години со која помина Асани, иако како што велат на црно, 5 години вршел гинеколошки прегледи во нерегистрирана ординација во неговата семејна куќа.

Условната казна покажува дека здравјето на жените во земјава не вреди ни „пет пари“.Соучесници се сите надлежни институции и Лекарската комора. Дополнително, фрапира фактот што Судот со оваа пресуда не изрече и мерка забрана за вршење на професија,иако таа можност е предвидена со кривичниот законик-стои во соопштението на невладите организации, овбединети во Платформата за родова еднаквост.

И покрај наодите на Државниот санитарен и здравствен инспекторат, кој уште пред 2 години изврши вонреден надзор на ординацијата, по што и поднесе кривична пријава, и силните реакции на граѓанските организации, Лекарската комора до ден-денес не му ја одзеде лиценцата за работа на гинекологот меѓу чии пациентки е и Јелдз Веапоска која остана без матка, бубрег и јајник.

– “На ваков начин и Судот и Лекарската комора застануваат во одбрана на нелегалната здравствена пракса во земјава. Условувајќи го казнувањето на нелегалното работење со чекање да се случи дополнително кривично дело, тие не само што ја одржуваат културата на неказнивност туку и недвосмислено ја поддржуваат системската негрижа за здравјето на жените,наместо лавовски да се борат против неа.” – Пишуваат од платформата за родова еднаквост.

Оттука, Платформата за родова еднаквост бара:доколку по вака донесената првостепена пресуда се поднесе жалба и предметот е даден на решавање на Второстепен суд, истиот задолжително да изрече дополнителна мерка забрана за вршење на професијата, во најдолгото времетраење превидено во кривичниот законик.Основното јавно обвинителство да поднесе жалба и да побара построга казна,односно ефективен затвор.

– “Здравјето на жените мора да биде врвен приоритет за сите институции и за Лекарската комора: затоа, случаи на нелегални ординации кои се потенцијални „касапници” не смеат да се повторат во иднина! Лекарската комора да се одважи и по вчерашната пресуда конечно да му ја одземе лиценцата за работа на гинекологот.” – Додаваат од платформата за родова еднаквост.

На 10-ти март продолжува судскиот процес против Мухамед Асани,неговиот син и уште една лекарка,за случајот со родилката од Дебар Јидиз Веапоска која остана без 3 органи.Обвинителството ги гони за кривично дело тешки дела против здравјето на луѓето.

Новинар Росица Голабоска
Снимател,монтажа Златко Маневски

КАТЕГОРИИ
Споделете ja веста