Пет години СДСМ-ДУИ- ЦИРКУЗ Собрание: Работата на Талат Џафери и законодавниот дом критикувана од ЕУ

Циркуз Собрание. Сообраниските состојби последниве години станаа тема и во извештајот на Европската унија за напредокот на Македонија. Парламентот доби најниска оценка. Како главни проблеми се наведуваат пречестото користење на механизмот европско знаменце, недоволното носење закони и премалата употреба на институтот пратенички прашања.

Гледајќи се што се случуваше во Собранието последниве годни, може да се заклучи дека ваквиот европски извештај е и повеќе од очекуван. А хронологијата на настаните можеме да ја започнеме уште од пред пет години и изборот на Талат Џафери за собраниски спикер. Избор кој според многумина беше неделовнички и незаконски, а и не може да се види дали доволно пратеници воопшто гласале за Џафери да ја добие својата позиција.

Според многумина самоволието на Талат Џафери, поддржано од целата владина коалиција е еден од најголемите проблеми за негативните извештаи и оценки кои ги добива Собранието. Изборот на Џафери не е единствениот проблем поврзан со него, самото негово однесување од шефовското столче во законодавниот дом е проблем според познавачите.

На пример собранискиот спикер во една ситуација си се стави улога на уставен судија, одбивајќи го предлогот на ВМРО-ДПМНЕ за референдум за спорот со Бугарија, сам ценејќи дека бил неуставен. Џафери своето проблематично однесување си го покажува и кога е во прашање самиот тој, односно неговото столче. Интерпелацијата поднесена од страна на опозицијата за неговото работење и неколку месеци подоцна си стои во неговата фиоката.

ВМРО ДПМНЕ побара одговнорст од првиот човек на Парламетот, поради неговото однесување од шефовското столче. Еден од примерите е неговото трпение, кое нагло се намалува кога на собраниска говорница ќе се појави да говори пратеник на опозицијата.

Ова не е единствен недоличен за собраниски спикер потег на Талат Џафери. Во улога на прв меѓу еднавките, што е и улогата на првиот човек на Собранието, тој често кон пратениците знае да испрати и физички закани.

-Не мавтај со прст, оти може да ти биде скршен тој прст, порача Џафери.

Сигурно пред меѓународниот фактор сликата за Собранието нема да ја подобри ниту потегот на Џафери уште на стартот на својот прв мандат, кога со обезбедување бркаше пратеници од говорницата.

Покрај односот кон пратениците и собранискиот деловник, тонскиот миксер на јавниот сервис го покажа и скандалозниот однос на Џафери кон обичните собраниски службеници. Својата нервоза ја испразни испраќајки пцости кон обичните вработени

-Вие што сте на плата и уште си е*авате мајката овде. Ајде бегај, бегај таму, бегај! Сус бре, да ти е*ам! Што бараш ти овде? Бегај таму излези, викаше Џафери.

Однесувањето во Собранието не е единствен проблем на оној кој треба во најдобро светло да го претставува Собранието. Токму пред оние кои сега му дадоа најниска оценка, Талат Џафери го прекрши македонскиот устав. Говореше албански во Европскиот Парламент, иако во членот седум од Уставот јасно е запишано дека македонскиот јазик и неговото кирилско писмо, се службени за меѓународна употреба.

Честата нервоза во Собранието, Џафери ја префрли и на улица. Запрашан зошто го прекршил Уставот, реши да се турка со новинари.

Негативна дамка врз Собранието секако фрли и потегот на сопартиецот на Џафери, Арбр Адеми. Нервозата тој реши да ја испразни фрлајќи чаши кон пратениците од опозицијата.

Меѓу она што најмногу се забележува е користењето на пратениците само како гласачка машинерија, па дури постојат и сомнежи дека пратеници биле пуштани од притвор за гласање во законодавниот дом. Тоа беше пример со Љубен Арнаудов, Сашо Василевски и Крсто Мукоски кои излегоа од Шутка непосредно пред изгласувањето на уставните измени за промена на името на државата. Последен пример за недемократски притисоци кон пратеници беше примерот со Кастриот Реџепи, кој едноставно исчезна на денот кога требаше да се гласа недоверба за Владата, па поради неговото отстуство се спаси владиното мнозинство, тогаш предводено од Заев.

Матеја Петровски

КАТЕГОРИИ
Споделете ja веста