Петков и неговиот заменик го потврдуваат новото јунско вето- во Бугарија протести со порака дека Македонија е бугарска

Бугарската блокада останува и во јуни оваа година, ова го потврдуваат сите бугарски политичари, а и премиерот Кирил Петков. Тој уште еднаш повтори дека без широка национална согласност, решение за спорот со Македонија нема. Го повика првиот човек на државата, Румен Радев да свика Совет за национална безбедност за прецизирање на позициите на Бугарија.

-Сакам да го успокојам бугарското општество дека бугарската власт нема да направи ништо без широка национална согласност и договор со коалиционите партнери. По таа тема го повикувам претседателот на Република Бугарија да свика косултативен Совет за национална безбедност, во кој ќе учествуваат сите партии, сите служби и претседателската институција, изјави Петков.

Дека блокадата сигурно останува потврдува и вицепремиерот и министер за финансии во бугарската Влада, Асен Василев. Тој ја поддржува идејата на Петков за свикување на Совет за национална безбедност, со цел едногласно поставување на бугарските позиции.

Каква е точно бугарската позиција, таа си останува непроменета, колку што јас знам. Секоја меѓународна средба започнува што се случува со Македонија и ќе се случи ли Македонија? И нашиот одговор е јасна позиција, Парламентот е единствен кој што може да се произнесе по таа тема. Пред тоа да се случи, треба да видиме многу јасно движење од страна на Македонија, изјави Василев.

Шпекулациите дека е можно кревање на ветото и повикот за свикување на Совет за национална безбедност, доведоа до простест на ВМРО-БНД, каде испртена беше пораката дека Македонија е бугарска.

Инаку, Совет за национална безбедност во однос на спорот со Македонија, Радев свика и на 10-ти јануари годинава. Тогаш наместо напреднување на позициите на Македонија, дојде до нивно иназадување. Радев ни порача дека четири години не сме исполниле ништо од договорот за добрососедство.

Четири години од потпишувањето на договорот од 2017-та година Република Македонија не го направи неопходното за негово исполнување, нема ни гаранција за исполнување на преземените обврски. Децениската политика на дискриминација на македонските бугари од кои 120.000 се бугарски граѓани и граѓани на Европската унија во последно време ескалира со отворени јавни напади против нив, изјави Радев во јануари.

Реалноста е сепак друга, а тоа е дека Македонија токму поради договорот со Бугарија стори многу отстапки. Дури и македонски премиер даде изјава дека Гоце Делчев, покрај македонски бил и бугарски херој.

Матеја Петровски

КАТЕГОРИИ
Споделете ja веста